Спорт
Манчестер јунајтед се распрашувале за Касемиро

Манчестер јунајтед повлекле очајнички потег, покажале интерес за играчот на Реал Мадрид Касемиро. Ова го тврди еден од најдобрите новинари на „Марка“, Хозе Феликс Дијаз.
Манчестер јунајтед од почетокот на преодниот рок се обидуваа, но не успеаја да го донесат Френки де Јонг од Барселона. Тие наводно го договориле трансферот на Адријен Рабио од Јувентус, но на менаџерот Тен Хаг му е потребен уште најмалку еден игра за врска.
Конкуренцијата во Реал, во редот за врска стана жестока по трансферот на Орелијан Чуамени. Французинот, платен речиси 100.000.000 евра игра на истата позиција со Касемиро.
Новинарот на „Марка“ не објави дали Јунајтед испратле конкретна понуда, но колкава и да е таа, тешко е дека Реал ќе се откаже од услугите на Бразилецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Без знамиња, химни и само во поединечна конкуренција – Олимпискиот комитет со одлука за руските и белоруските спортисти

Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз во 2024 година, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација.
Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во Париз. МОК посочи дека дозволата за учество на поединци на Игрите е почитување на човековите права. Досега на Игрите во Париз се пласираа осум руски и тројца белоруски спортисти.
„Низ постоечките квалификациски системи ќе бидат пласирани само многу ограничен број спортисти“, се наведува во соопштението.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Русија и Белорусија се дисквалификувани од спортските натпревари. Оваа година МОК бараше начин да ги врати спортистите од тие земји, а меѓународните спортски федерации во вторникот побараа од МОК да ги пречека руските и белоруските спортисти под неутрално знаме на Игрите во Париз што е можно поскоро. Решението што го предложија спортските федерации беше да ги примат под неутрално знаме, без државни симболи и химна.
Сега останува на раководното тело на секој олимписки спорт да го процени и спроведе неутралниот статус за поединечни спортисти кои не ја поддржувале активно војната и не се ангажирани во воени или безбедносни агенции.
Украина и голем број земји побара целосно суспендирање на Русија и Белорусија од Олимписките игри.
„Заштитата на правото на поединечни спортисти да се натпреваруваат и покрај суспензијата на нивниот национален олимписки комитет е добро воспоставена практика, почитувајќи ги човековите права“, се вели во соопштението на МОК.
Спорт
Кристијано Роналдо денес го игра својот 1200 натпревар

Португалецот Кристијано Роналдо (37) денеска ќе го игра 1.200 натпревар во неговата професионална кариера и по тој повод неговиот клуб Ал-Наср ќе одржи забава на стадионот.
Ал-Наср ќе биде домаќин на Ал-Ријад и 25.000 луѓе ќе бидат сведоци на ново историско достигнување на еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Доколку постигне четири гола, Роналдо ќе го заокружи својот голгетерски опус на 900 гола, иако, се разбира, пореално е тој рекорд да го постигне на некои од следните натпревари.
Роналдо дебитираше во сениорска конкуренција за Спортинг во 2002 година (против Брага). Во текот на кариерата, Роналдо играше за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал Мадрид 438 натпревари (450), Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 45 натпревари (38). За португалската репрезентација одигра 205 натпревари и постигна 129 голови.
Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212).
Спорт
Рабио ќе го продолжи договорот со Јувентус

Адриен Рабио се согласил да ја продолжи соработката со Јувентус. „Газета дело Спорт“, објави дека францускиот репрезентативец ќе го продолжи договорот на 12 месеци.
Актуелниот договор на Рабио со Јуветус истекува во јуни следната година.
Рабио прифатил да го носи дресот на Јувентус дополнително уште една сезона, односно до јуни 2025 година.
Тој во Торино пристигна во 2019 година од Пари Сен Жермен, а претходно кратко време беше член на Тулуз.
Рабио има 28 години, а оваа сезона одигра 13 натпревари во Серија А и постигна два гола.