Спорт
Манчестер сити го освои „Стенфорд Бриџ“
Манчестер сити го победи Челси на „Стенфорд Бриџ“, со 1:0, во дербито на шестото коло, во Премиер лигата. Сити со оваа победа ја прекина серијата од три порази против Челси.
Тренерот на Челси, Томас Тухел, им ја препушти топката на противниците, реши неговите играчи шансата да ја бараат преку контра-нападите. Таквата определба го однесе Челси до првиот пораз во сезоната.
Првото полувреме, Сити, го поминаа на половината на противникот, но без конкретна закана по голот на Менди.
Вториот дел започна со ударот на Грилиш во 49.минута, а четири мунити подоцна Жесус, со помош на Жоргињо го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во 61.минута, Тијаго Силва, од гол линијата спречи Сити да ја зголеми предноста. Во 83.минута, Менди, во ситуација еден на еден го спречи Грилиш да постигне гол.
Сити со оваа победа се израмни со Челси на табелата, двата тима имаат по 13 поени.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милитао нема да игра на СП – За повредата го обвини клубот и тренерот Чаби Алонсо
Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао, го обвинува клубот и тренерот Чаби Алонсо. Смета дека премногу бил форсиран. Поради повредата Едер Милитао ќе го пропушти Светското првенство.
Милитао ја заврши сезоната пред еден месец, а статистиката е поразителна. Во последните три години, кои беа обележани со сериозни повреди, тој одигра само 52 од 179 натпревари на Реал Мадрид. Тоа се алармантни 29 проценти од настапите, што беше голем удар и за играчот и за тимот, кој ги почувствува долгорочните отсуства на својот дефанзивец. По две сериозни повреди на коленото што му ја уништија сезоната 2023/24 и 2024/25, оваа сезона беше уништена од два сериозни мускулни проблеми.
Во потрага по причините за неговата несреќа, дефанзивецот го впери прстот кон Чаби Алонсо. Милитао верува дека одиграл премногу натпревари и минути со оглед на тоа што се враќал по две години речиси целосно отсуство од теренот. Тој особено ги истакнува недоволните подготовки на Реал Мадрид пред сезоната, кои му беа најпотребни, а практично ги немаше, поради настапот на клубот на Светското првенство.
Тој веднаш беше турнат во натпреварувачки ритам и се појави во 16 од првите 20 натпревари на Реал, сè до неговата прва сериозна повреда на 7 декември.
Одмори само во четири натпревари, од кои два беа принудни поради мали проблеми. Милитао верува дека го платил цехот на исцрпувачкиот распоред.
Прво дојде тешка повреда на мускулот, а откако се врати на теренот пауза од 118 дена, следеше нов удар во април, со што ја заврши сезоната, но и отпадна од комбинација за настап на Мундијалот.
Foto/ EPA
Спорт
Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите
Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат во историјата да се пласираат во Лигата на шампионите.
Како шестото место води до Лигата на шампионите?
Клучниот услов за овој исход е Астон Вила, како победник на Лига Европа, да заврши на петтото место во домашното првенство (во моментов се четврти). Во тој случај, Вила би се квалификувала за Лигата на шампионите, преку трофејот во Лига Европа.
Дополнителното место во Лигата на шампионите, кое Премиер лигата го заработи благодарение на вкупните перформанси на своите клубови во Европа, тогаш би му припаднало на шестопласираниот тим на табелата.
Сценарија за петто и шесто место
За Вила да заврши на петтото место, треба да загуби на гостински терен од Манчестер Сити во последното коло, а во исто време Ливерпул дома треба да го победи Брентфорд.
Доколку тоа сценарио се оствари, целото внимание ќе се префрли на борбата за шестото место.
Борнмут ќе го обезбедено шестото место со кој било исход освен пораз на гостински терен кај Нотингем Форест. Шестото ќе му припадне и доколку Брајтон не успее да го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен.
Од друга страна, Брајтон може да стигне до шестото место само ако победи, но под услов Борнмут да загуби кај Нотингем Форест.

Foto/ EPA
Спорт
Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс.
Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити.
Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим.
Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го добиле без обесштетување, но потенцијален проблем можат да бидат повредите.
Англичанецот пропушти голем број натпревари во последните две сезони. Поради повредите на мускулот, стапалото, препоните, Стоунс одигра само 19 натпревар.
Foto/ Depositphotos
