Спорт
Манчини: Целта на Италија е да стане светски првак, но прво да ја победиме Македонија

Фудбалската репрезентација на Италија ги стартуваше подготовките за баражот против Македонија в четврток за пласман на Светското првенство. Селекторот Роберто Манчини верува дека неговата селекција ќе обезбеди пласман на мундијалот во Катар.
„Нашата цел е да ја направиме Италија светски првак. После европската титула, следната цел која си ја поставивме е да стигнеме до светската титула. Мораме да одиме по потешкиот пат до СП во Катар, но верувам во оваа селекција и во квалитетот на фудбалерите. Прва пречка ни е Македонија и ние максимално ќе се подготвиме за дуелот в четврток. Верувам во победа, а потоа треба да победиме и во финалето на плејофот за да се пласираме на Светското првенство“, изјави Роберто Манчини.
Тој го повика десниот бек на Јувентус, Матија Де Шилјо во националниот тим, по повредата на Џовани Ди Лоренцо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погба се враќа во Јувентус

Пол Погба, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе се врати во Јувентус. „Газета дело Спорт“ објави дека менаџерот на фудбалерот и челниците на „старата дама“ го договориле трансферот.
Светскиот првак со Франција, повторно како слободен играч од Манчестер јунајтед ќе се пресели во Јувентус. Според „Газета дело Спорт“, Погба ќе игра за Јувнетус за значително помала плата.
Во Јунајтед годишно заработуваше 18.000.000 евра, во Јувентус ќе има фиксни 7.500.000, а доколку ги исполни бонусите, може да дојде до 10.000.000 евра на годишно ниво.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Погба, поради тренерот Масимилијано Алегри, решил да ја прифати понудата на Јувентус, пред онаа на ПСЖ.
Погба во Јунајтед се пресели во 2016 година за 105.000.000 евра, за шест години не успеа да се наметне како лидер во тимот.
Спорт
Далас испуштија предност од 19 поени, Вориорс водат со 2:0

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 2:0 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.
Во вториот меч во Сан Франциско, „воините“ славеа триумф со резултат 126:117 и покрај уште една фантастична партија на Лука Дончиќ, кој беше болен пред овој меч, објавија американските медиуми.
Имено, Дончиќ беше под знак прашалник, за вториот натпревар, тој имал температура и повраќал и не спиел во средата навечер.
Успеа да тренира во четвртокот, а покрај стомачниот грип (се претпоставува) се здоби и со повреда на рамото.
И покрај сето тоа постигна 42 поени и додаде осум асистенции и пет скока, но тоа не беше доволно за триумф на Маверикс.
Во првото полувреме постигна 24 поени, а Далас имаше предност од дури 19 поени.
Но, во вториот дел со лоша одбрана, ја прокоцкаа предноста, бидејќи шутерите на Вориорс влегоа во ритам и направија пресврт.
Први повлекоа Луни и Пул, кои најпрво ја намалија разликата на помалку од 10 поени, а Вигинс ја продолжи серијата и Голден Стејт се приближи на негатива од два поени пред последната четвртина.
Во него, пресвртот се случи а со тројката на Ото Портер дојде до пресврт.
До крајот ударното трио на Вориорс, Кари-Томпсон-Грин, успеа да го приведе мечот до крај и да зачекори кон големото финале.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 32 поени, осум скока и пет асистенции. Пул додаде 23 поени, а Луни 21 поен со 12 скока. Вигинс заврши на 16, Томпсон на 15, а Портер даде 11 поени.
Кај Далас покрај ДОнчиќ се истакна Џејлен Брансон со 31 поен,седум скока и пет асистенции, Булок постигна 21, Фини-Смит забележа десет поени и осум скока.
Интересна е статистиката што ја има тимот на Стив Кер, 15 пати имале резултат 2:0, не успеале да минат во наредната фаза само еднаш.
Спорт
Леванте се збогуваше со Ла лига со победа, Реал и Бетис „воздржани“

Леванте ја заврши сезоната во Ла лига со 4:2 гостинска победа кај Рајо Валјекано, додека мечот помеѓу освојувачот на трофејот, Реал Мадрид и освојувачот на Купот, Реал Бетис започна со покажување респект, но заврши без голови.
На голот на Рајо не беше Столе Димитриевски, но за Леванте беше стартер Енис Барди. Алваро Гарсија ги донесе Рајо во водство во 18. минута, меѓутоа гостите направија целосен пресврт до крајот на полувремето – Гонзало Мелеро израмни во 26. минута, Роџер ги донесе во водство во 44. минута, пред Мелеро минута подоцна да зголеми на 1:3.
Серхи Гвардиола од пенал намали на 2:3 во 61. минута, пред Коке во 76. минута да ги постави конечните 2:4.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));