Спорт
Манчини фокусиран на Македонија

Само Македонија е во главата на италијанскиот селектор Роберто Манчини. Италија ќе ја пречека Македонија, во полу-финалниот бараж, за пласман на Светското првенство во Катар на 24.март 202 година. Победникот од овој дуел за место на Мундијалот ќе се бори со подобриот од пресметката помеѓу Португалија и Турција.
Актуелните европски шампиони не успеаја да изборат директно учество на СП. Групата во која играше Италија ја освои репрезентацијата на Швајцарија. Азурите сега по потешкиот пат ќе се обидат да дојдат до Катар.
„Мислам дека се опуштивме по освојувањето на титулата. Поради тоа бевме лоши во финишот од квалификациите. Сепак имаме шанси, јас сум оптимист. Мораме да се фокусираме, верувам дека ќе се пласираме на СП“, рекол Манчини.
Италија ќе ја пречека Македонија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Никлас Фулкруг блесна во дресот на фудбалската репрезентација на Германија и со два гола донесе победа од 2:0 на пријателскиот натпревар против Перу. Овој меч се одигра во Мајнц, а Германците беа подобар ривал.
Фулкруг го отвори резултатот во 12.минута, а потоа уште еднаш стрелаше во 33.минута.
Каи Хаверц во второто полувреме не реализира пенал за уште поубедлив триумф.
Спорт
Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Поранешниот европски и светски првак, селекцијата на Шпанија, одлично го отвори новиот циклус квалификации за ЕП 2024 откако ја совлада Норвешка со 3:0. Реновирана „црвена фурија“ која сега ја предводи Луис де ла Фуенте, поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута. Во финишот Хоселу со два гола го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Хрватска имаше водство до судиското продолжение, а потоа Велс постигна гол за израмнување (1:1) на „Пољуд“. Андреј Крамариќ во 28.минута донесе предност за „коцкестите“, а израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија беше подобра од Андора на гости и славеше со 0:2.
Спорт
Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име

Заедно со бројот на освоени награди во текот на кариерата, Лионел Меси доби уште едно признание. Неговото име од денеска ќе ја краси базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес.
На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци на „албиселесте“, комплексот го доби своето ново име.
„Ви благодарам за признанието, толку е возбудливо“, изјави Меси. „Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале оттука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, истакна аргентинскиот ас.
The unveiling of the Lionel Messi plaque.pic.twitter.com/RZDO7J2YJC
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 25, 2023