Контакт

Спорт

Манчини: Ќе играме на СП, можеби и ќе го освоиме

Објавено пред

Актуелните европски шампиони, фудбалерите на Италија, го одбраа потешкиот пат до Мундијалот во Катар. Азурите преку баражот ќе треба да обезбедат место на Светското првенство.

Италија, во последното коло, не успеа да ја победи Северна Ирска во Белфаст (0:0), а Швајцарија со триумфот над Бугарија (4:0), го освои првото место во групата.

„Во март ќе избориме пласман на Светското првенство, а потоа можеби и ќе го освоиме. Сигурен сум“, ја храбри нацијата селекторот Роберто Манчини.

„Штета, многу порано требаше да ги завршиме работите во групата. И покрај тоа што имавме контрола во сите натпревари се мачевме да постигнеме гол. Мораме повторно да го најдеме она што не издвојуваше од другите. И секако да се подготвиме за март. Сигурен сум дека ќе го поминеме баражот“, заклучил Манчини.

Во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации, само три ќе се пласираат на Мундијалот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Леклер се заби во ѕидот со своето Ферари во Џеда, Хамилтон и Мерцедес пак најбрзи

Објавено пред

Асот на Ферари, Шарл Леклер, имаше застрашувачки инцидент на вториот тренинг пред саудиското ГП удирајќи со својот болид во ѕидот и предизвикувајќи предвремен крај на сесијата. За среќа, возачот од Монако сам излезе од болидот и потоа со безбедносното возило беше однесен во боксот.

Инцидентот предизвика прекин на сесијата на неколку минути пред крајот по што Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа најбрзи за Мерцедес најавувајќи дека предноста на „сребрената стрела“ ќе биде голема и во претпоследната трка од сезоната. Пјер Гасли во Алфа Таури беше трет најбрз, а лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен, го заврши тренингот на четврто место со многу работа пред утрешните квалификации.

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина поранешниот контроверзен претседател на ИААФ, Ламине Дијак

Објавено пред

Поранешниот претседател на ИААФ, Интернационалната асоцијација на атлетските федерации, Сенегалецот Ламине Дијак, почина на 88 години.

Сенегалскиот претседател Маки Сал на социјалните мрежи сподели дека Сенегал загубил еден од своите најдобри – поранешен градоначалник на Дакар и претседател на ИААФ.

Дијак беше претседател на ИААФ (сега преименувана во „Ворлд атлетикс“) од 1999 до 2015 година пред да си замине во ноември 2015 по обвинувањата дека примил мито за да ги прикрие позитивните тестови на руските спортисти дозволувајќи им настап на Олимпијадата во Лондон во 2012.

Во 2020 Дијак беше осуден на четири години затвор во Франција за поврзаност во рускиот допинг-скандал, но не беше во затвор, беше во куќен притвор од 2015 година, по што беше ослободен и во мај се врати во својата татковина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гојо го шокира Лајовиќ, Хрватска – Србија 1:0 – следува мегамечот Ѓоковиќ – Чилиќ

Објавено пред

Хрватска е на една победа од пласман во полуфиналето на Дејвис-купот кога 279. тенисер на АТП-листата, Борна Гојо, направи сензација и со 4:6/6:3/6:2 го победи Србинот Душан Лајовиќ, инаку 34. на АТП-листата, во интересната пресметка во Мадрид.

Гојо изненади со брејк на почетокот на мечот, но потоа ја загуби контролата на мечот и го загуби првиот сет. Сепак, во вториот и во третиот сет тој направи рани брејкови за да стигне до импресивна победа по два часа на теренот со Лука Модриќ на трибините како поддршка.

По овој меч, следува пресметката на двајцата најдобри тенисери на двете селекции – светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, и поранешниот гренд слем шампион – Марин Чилиќ, а доколку дојде до израмнување, победникот ќе се одлучува во мечот во двојки, каде што Ѓоковиќ обично игра со Никола Чачиќ, а за Хрватите ќе игра најдобрата двојка во светот на тенисот, Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Во второто полуфинале играат Русија и Шведска, а финалето се игра в недела во Мадрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Од 10 декември почнува украсувањето на Скопје за Нова година

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември. „На повикот на градоначалничката на Скопје,...

Македонија6 часа

342 нови случаи на Ковид-19 и седум починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на...

Македонија6 часа

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија8 часа

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Македонија8 часа

(Видео) Пристигнаа останките од трагично загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиона со останките од трагично загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето...

Забава10 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет11 час

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет11 час

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет21 час

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа24 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион1 ден

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет1 ден

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија1 ден

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа1 ден

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија1 ден

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија1 ден

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа1 ден

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Досие