Контакт

Спорт

Мандалиниќ: Добро вечер Битола, здраво за „Чкембарите“

Објавено пред

Еурофарм Пелистер донесе уште едно големо засилување, откако го обезбеди потписот на хрватскиот ракометар Стипе Мандалиниќ, кој од вечерва е нов ракометар на „зелените“.

27-годишниот Мандалиниќ оваа сезона настапуваше за германскиот клуб Фухсе Берлин, кои го отпуштија по економската криза поради корона вирусот.

„Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата“, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.

Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит. Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Червар: Металург се дограбил до некои пари

Објавено пред

По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот селектор, но и поранешен прв човек на Металург, Лино Червар, со помалку потценувачка изјава.

Червар од 2009 до 2017 година беше прв човек на Металург, а му беше тренер на Хорват и во Загреб и во хрватската репрезентација.

„Искрено, многу ме изненади одлуката на Златко, но очигледно во тимот влегол некој спонзор. Се дограбиле до пари и носат и други играчи. Очигледно е дека Хорват оди таму поради силната понуда бидејќи не гледам друга причина да го напушти ППД Загреб“, вели Червар во изјава за „24 часа“.

Ветеранот Златко Хорват е новото засилување на Металург

Прикажи повеќе...

Спорт

Подгответе се, Јувентус-Милан следниот петок!

Објавено пред

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, преку „Фејсбук“ потврди дека се утврдени датумите за реваншите од полуфиналињата од Копа Италија – Јувентус-Милан ќе играат в петок, 12 јуни, Наполи-Интер ќе играат следниот ден, а финалето ќе се одржи на 17 јуни.

Со ова ќе се овозможи простор за закрепнување на фудбалерите по реваншите до финалето на „Олимпико“ во Рим на 17 јуни. Ова значи дека Серија А може да се рестартира на 20 јуни.

Првите мечеви во двата дуела се одиграа во февруари. Милан и Јувентус одиграа 1:1 на „Сан Сиро“, а Интер дома загуби од Наполи со 0:1.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ветеранот Златко Хорват е новото засилување на Металург

Објавено пред

Металург продолжува со одличните засилувања пред новата ракометна сезона, договорајќи трансфер на поранешниот капитен на ППД Загреб, Златко Хорват.

35-годишниот Хорват е легенда на хрватската репрезентација, но и на „плинарите“, каде што ја одигра своја кариера. Хрватот потпишува договор на една година и е последното засилување на клубот од Автокоманда по Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Металург следната сезона ќе настапува во новата Лига Европа на ЕХФ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион24 минути

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион2 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија3 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ4 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија5 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија6 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија7 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион8 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија8 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија9 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ9 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија10 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион12 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет12 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет13 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет13 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија14 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија1 ден

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија1 ден

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија1 ден

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Досие