Контакт

Спорт

Манџукиќ се прости со Милан по само шест месеци

Објавено пред

Марио Манџукиќ потврди дека заминува од Милан по крајот на сезоната, откако помина само шест месеци на „Сан Сиро“, период во кој не успеа да остави некој поголем впечаток.

„Благодарен сум на менаџментот што ми ја даде оваа шанса. На сите мои соиграчи и на навивачите. Среќен сум што овој фантастичен клуб го вративме во Лигата на шампионите. На сите им посакувам многу среќа во иднината“, напиша Манџукиќ на Инстаграм.

Поранешниот напаѓач на Јувентус се мачеше со повреда на мускулите и одигра само 10 меча по слободниот трансфер минатата зима.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лев: Подготвени сме за пресметката со светските шампиони

Објавено пред

Вечерва, на ЕУРО 2020, на програмата е првото вистинско дерби. Во Ф-групата ќе се соочат последните два шампиони на светските првенства, Германија и Франција.

Французите, според прогнозите, се најголемите фаворити за освојување на титулата, додека Германија е фаворит од сенка, со оглед на резултатите што ги има во изминатите неколку месеци.

„Полни со самодоверба дојдовме во Минхен. Навистина е посебно што ќе играме против светскиот првак Франција во првиот меч, во нашата група. Лично, ме радува што ќе има навивачи на трибините. Со нетрпение го чекам почетокот на натпреварот“, рекол германскиот селектор во заминување Јоаким Лев.

„Имаме квалитетен тим. Балансот е добар, ги имаме Вернер и Сане во нападот, тоа се играчи кои решаваат натпревари. Потоа тука се Хаверс, Милер и секако Гнабри. Мислам дека двете екипи се опсни во напаѓачкиот дел. Морате да биде внимателни, не смеете да го испуштите својот играч, мората да биде внимателни секоја секунда, во спротивно било кој од напаѓачите може да постигне гол“, заклучил Лев.

Натпреварот Германија-Франција, во Минхен, ќе започне во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тандемот на ПСЖ нема да игра за Бразил на ОИ во Токио

Објавено пред

Фудбалскиот клуб ПСЖ, нема да им дозволи на бразилските репрезентативци Нејмар и Маркињос да учествуваат на Олимписките игри.

Одлуката е донесена поради густиот распоред и големиот број натпревари што ги имаат одиграно двајцата фудбалери од почетокот на сезоната. Нејмар и Маркињос, во моментов со Бразил, учествуваат на Копа Америка.

Нејмар има две учества на Олимписките игри, во 2012 и 2016 година. Во 2012 во Лондон, Бразил го освои сребрениот медал, а ја освои титулата четири години подоцна во Рио де Жанеиро. Дел од тој тим беше и Маркињос.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јуни до 8.август. Секоја репрезентација може да пријави тројца фудбалери постари од 22 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Клиперс го одбрани домашниот терен

Објавено пред

Лос Анџелес Клиперс го израмни резултатот на 2-2 во серијата против Јута Џез. Во оваа серија, барем досега, клучен фактор е домашниот терен. Четвртиот меч му припадна на Клиперси со 118:104.

Најголемите ѕвезди на Клиперси, Каваи Ленард и Пол Џорџ, го предводеа тимот со по 31 поен, иако заедно лошо шутираа 18/41. Ленард додаде седум скока и едно спектакуларно забивање преку Дерик Фејворс. Џорџ, покрај 31 поен, имаше и девет скока и четири асистенции.

Најдобар кај Јута и на овој меч беше Донован Мичел со 37 поени, со лош процент на реализиција 9/26, Џон Инглс постигна 19, а Бојан Богдановиќ 18 поени.

Мичел влезе во историјата на НБА-лигата, тој го собори рекордот на Стеф Кари од 2015 година. Мичел на последните пет натпревари постигнува најмалку 30 поени и погодува пет или повеќе тројки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Свет4 минути

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија40 минути

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар, ниту пак да...

Свет3 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија3 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет3 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет3 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет3 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија18 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет19 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет21 час

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија21 час

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа22 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија23 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија24 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 ден

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија1 ден

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Досие