Спорт
Манененка тврди дека ѝ нуделе 60.000 евра да го „намести“ Ѓоковиќ
Српскиот таблоид „Свет“ тврди дека на манеканката Наталија Шќекиќ и биле нудени 60.000 евра да спие со Новак Ѓоковиќ и да набави снимка со која подоцна би се уценувал светскиот рекет број 1.
„Ме повика човек од Белград и јас мислев дека е сериозен менаџер. Кога ми го кажа планот, мислев дека е скриена камера и почнав да се смеам. Планот беше пеколен – да се однесе Новак на некое интимно место и да го снимам тоа. Понудата беше меѓу 50 и 60 илјади евра и патување по мојот избор. Но, тоа беше навредливо. Не знам што ќе се случеше такво видео да биде објавено во јавноста. Вистински хаос. Ѓоковиќ не го заслужува ова“, вели Шќекиќ.
„Свет“ тврди дека ова било план направен во Велика Британија за да се наруши имиџот на светскиот рекет број 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.