Спорт
Мареј од Денвер доби 206 милиони долари
Американскиот професионален НБА кошаркарски тим Денвер Нагетс го продолжи договорот со својот дефанзивец Џамал Мареј (27) на уште четири години и за максимални 208 милиони долари. Минатата сезона Мареј имаше просек од 21,2 поени по натпревар со 6,5 асистенции и 42,5 отсто шут за три поени, што се негови најдобри просеци во досегашната кариера.
Мареј ја помина целата своја професионална кариера во Нагетс, кои го избраа како седми пик на драфтот во 2016 година. 26,1 поен со 7,1 асистенции и 5,7 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Со селфи од брзата помош Карвахал потврди дека ги скинал лигаментите
Реал го победи Виљареал со 2:0 во дербито од 9. коло во Примера, но победата има горчлив вкус поради повредата на Дани Карвахал.
Десниот бек на Реал во 92.минута го повреди коленото, на носилки беше изнесен од теренот.
Околу 2 часа по полноќ, Каравахл на Инстаграм објави селфи од брзата помош и ги потврди црните прогнози.
„Потврдена ми е тешка повреда на вкрстените лигаменти. Морам да одам на операција и нема да играм неколку месеци. Со нетрпение очекувам да почнам да закрепнувам и да се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките“.
Карвахал е позитивен и покрај се, но оваа повреда обично значи долго отсуство од терените, кое трае приближно осум до десет месеци. Тоа значи дека неговата сезона е практично завршена.
Ова е огромен удар за Реал бидејќи Карвахал е незаменлив на позицијата десен бек.
Негова замена е Лукас Васкез, но освен него Реал нема ниту еден десен бек. Шпанските медиуми пишуваат дека поради ова сигурно е дека Реал ќе мора да реагира во зимскиот преоден рок.
Спорт
Бањаја победи во Јапонија, Мартин стартуваше 11. заврши втор
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, триумфираше на Големата награда на Јапонија, 16.трка во Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за неговата прва победа на патеката Мотеги во кралската класа, и негова осма во сезоната. Најблиску до Бањаја беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Шпанецот возеше неверојатна трка која ја започна од 11.место. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Гресини, Марк Маркез.
Ваквиот исход значи дека Бањаја ја намали разликата во однос на Мартин на 10 поени, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Бањаја на стартот го мина Педо Акоста кој стартуваше од пол-позицијата, додека Мартин направи пробив и по само неколку свиоци од 11. дојде до четвртото место.
Возачот на Гас Гас, Акоста се задржа на втората позиција, а потоа излета во четвртиот круг, се врати во трката, но се повлече во 15. круг.
Тогаш Мартин стигна до второто место, во еден момент дојде на седум десетинки од Бањаја, но во ниту еден момент не можеше да му се закани. Бранителот на титулата го зголеми темпото на половина од трката,
Мартин во финишот заостануваше секунда и пол зад Бањаја
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија од 18 до 20 октомври.
Спорт
(Видео) Победата на Реал во сенка на повредата на Карвахал
Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 во деветотот коло, во Примера. Со овој триумф Реал се изедначи на првото место со Барселона, која утре му гостува на Алавес.
Реал ја потона „жолтата подморноца“ со две торпеда, на Валверде во 14. и Винисиус Жуниор во 73.минута. Виљареал имаше свои шанси кои не ги искористи. Пеп во првото полувреме веднаш по голот на Валверде ја погоди гредата. Во финишот добија пенал, но судијата го поништи откако ВАР покажа дека на пеналот му претходел офсајд.
Интересно Реал на овој натпревар упати само три удари во рамките на голот, два од нив завршија зад грбот на Кунде.
Реал победи, но прашање е колку скапо ја плати победата. Винисиус Жуниор во 78.минута поради повреда на рамото го напушти теренот, а во самиот финиш на натпреварот се повреди и Карвахал, кој мораше да биде изнесен од теренот.