Контакт

Спорт

Марез ја обезбеди стартната победа на Алжир (видео)

Објавено пред

Алжир имаше победнички старт на натпреварувањата на Африканскиот куп на нации, откако со 2:0 беа подобри од Кенија во вториот меч од групата Ц, каде што претходно Сенегал со идентични 2:0 беше подобар од Танзанија.

Триумфот за тимот на селекторот Џамел Белмади беше осигуран за 9 минути во првото полувреме, кога прво Багдат Бунеџах донесе водство во 34. минута со гол од пенал, за капитенот, Ријад Марез во 43. минута да ги постави конечните 2:0.

Со овие резултати, Алжир и Сенегал имаат по три поени, додека Танзанија и Кенија се без поени и без постигнат гол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

АФЦОН: Марез со голчиште во 95. минута донесе финале за Алжир! (видео)

Објавено пред

Ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез постигна фантастичен гол од слободен удар во 96. минута од полуфиналето на Африканскиот куп на нации против Нигерија, за на Алжирците да им донесе големо финале во кое ќе се пресметаат со репрезентацијата на Сенегал.

Алжирците поведоа во 40. минута, откако по еден релативно безопасен слободен удар, Вилијам Труст-Еконг си ја смести топката во сопствената мрежа и оваа предност „зелените“ ја имаа сѐ до 73. минута, кога од удар од белата точка поради играње со рака, Одион Игало не донесе израмнување.

Кога сите мислеа дека повторно ќе има продолженија како во дуелот Сенегал-Тунис, Нигеријците направија фаул на совршена позиција за Марез да покаже што умее и да донесе голема победа и големо финале.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

Објавено пред

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања на известувачот на ,,Макфакс”.

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

,,Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме по победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”.

Запрашан од нашиот известувач дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата, Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

,,Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија, бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.

Видеото од прес – конференцијата може да се види на следниов линк, а одговорите на прашањата на ,,Макфакс” се на 16,15 минути.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона: Атлетико немаат никакви докази за Гризман

Објавено пред

Барселона тврди дека Атлетико Мадрид нема никакви докази во случајот со трансферот на Антоан Гризман и затоа не гледаат никаков проблем во 120-те милиони евра кои ги платија за Французинот.

Барселона ја плати откупната клаузула по 1 јули, но Атлетико тврди дека преговорите со Гризман започнале уште во март и дека затоа треба да плати 200 милиони евра. Претседателот Жосеп Марија Бартомеу е сигурен дека нема основ за ова барање.

„Зборував со нив, но не верувам дека имаат докази, бидејќи тие не постојат. Сфаќам дека секој ги штити своите интереси, а веќе зборував со претседателот Енрике Серезо и не гледам како тој случај ќе заврши позитивно за нив. Нема ништо. Ние контактиравме со Гризман кога го направи видеото со кое се збогуваше со фановите, а во март немаше ништо“, вели Бартомеу.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа8 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт9 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет9 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт9 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Македонија13 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура14 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа14 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија15 часа

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија15 часа

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Свет17 часа

(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија...

Свет19 часа

Протести во Чикаго против имиграционата политика на Трамп

Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се...

Регион20 часа

Во Хрватска во јули има 90 илјади помалку туристи од лани

Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година....

Свет20 часа

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди западниот брег во Австралија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди западниот брег во Австралија. Како што соопшти Агенцијата за геолошко истражување на...

Топ20 часа

Рачна бомба пронајдена во битолското село Брусник

Синоќа во 20 часот, пиротехничар од Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од селото Брусник, општина Битола...

Свет1 ден

Рекордна казна за Фејсбук, треба да плати пет милијарди долари

Федералното регулаторно тело на САД одобри рекордна парична казна од 5 милијарди долари за компанијата Фејсбук во рамки на истрагата...

Топ1 ден

(Видео) САД: Тропската бура Бери се движи кон брегот, без струја останале 30.000 лица

Тропската бура Бери продолжува да се движи кон Луизијана, а метеоролозите предвидуваат дека ќе прерасне во ураган. Flooding near Barataria....

Свет1 ден

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протест во Хонг Конг

Неколку илјади луѓе протестираа во Хонг Конг против кинеските трговци, при што дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. “He...

Регион1 ден

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот од Грција, а според првичните податоци нема...

Македонија1 ден

Се екипира Агенцијата за национална безбедност, во тек јавен повик за селекција на кадри од УБК

Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање, согласно член 186 став 7 од Законот...

Досие