Спорт
„Марка“: Чави ќе биде тренер на Барселона
Водечките луѓе на Барселна синоќа во Доха на клупската легенда Чави му понудиле да го наследи Ернесто Валверде. „Марка“ објави дека Барселона му понудила два и пол годишен договор, а Чави на понудата ќе одговорел по денешниот меч помеѓу неговиот Ал Сад и Ал Рајан.
Според истиот извор по финалниот меч во Купот на Катар Чави ќе ја прифати понудата и ќе биде промовиран ов тренер на Барселона.
Чави понудата ја добил од извршниот претседател Оскар Грау и техничкиот директор Ерик Абидал.
#LoMásComentado | Valverde, sentenciado: El Barça ofrece el puesto de entrenador a Xavi https://t.co/Wfqnnfm9p6
— MARCA (@marca) January 11, 2020
Инаку актуелниот тренер на Барселона Ернесто Валверде ја загуби довербата по поразот во четвртокот од Атлетико (2:3) во Ријад и тоа во ситуација кога Каталонците имаа водство 2.1 на девет минути до крајот на мечот.
Чави кој два дена ќе наполни 40 години е клупска легенда, тој 24 години бил во Барселона. Пред пет години се пресел во Катар, четири сезони играше за Ал Сад, а од пред осум месеци е тренер на овој клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Себаљос заминува од Реал
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос (27) ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Шпанските и италијанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Милан.
Себаљос е член на Реал од 2017 година, а од 2019 до 2021 година беше на позајмица во Арсенал. Се шпекулираше и пред почетокот на минатата сезона дека ќе го напушти клубот, но реши да остане, убеден дека ќе добие шанса од Карло Анчелоти.
Она што го планираше не му се оствари, тековната сезона ј минува на клупата за резерви.
Поради тоа е подготвен да го напушти Мадрид, а според информациите Реал нема да се противи на трансферот, што покажува и обесштетувањето кое го бара за Себаљос, а кое изнесува 8.000.000 евра.
Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека најголем интерес покажал Милан, а како потенцијални дестинации се споменуваат и Атлетико Мадрид, односно Бетис.
Спорт
Олимпијакос се договорил со Еванс, го чека и Дорси
Сезоната во Евролигата се уште не е завршена, а Олимпијакос веќе размислува за засилувања за следната сезона.
Олимпијакос регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши на петтото место и ќе игра против Барселона за пласман на фајналфорот. И покрај тоа во клубот веќе ги кројат плановите за наредната сезона.
Според италијанскиот новинар Алесандро Маџи, нов играч на клубот од Пиреја ќе биде Кинан Еванс, играч на Жалгирис, а се очекува во тимот да се врати и Тајлер Дорси од Фенербахче.
„Постигнат е договор за двегодишен договор со Кинан Еванс, а Тајлер Дорси конечно треба да добие зелено светло. Дорси има опција да го продолжи договорот со Фенербахче, но по крајот на сезоната ќе ја напушти Турција“, напиша Меџи.
Еванс за две години ќе заработи 3.200.000 евра. Дорси го носеше дресот на Олимпијакос во сезоната 2021/2022.
Спорт
Баер Леверкузен ја одреди цената за Флоријан Вирц
Баер Леверкузен ја одреди цената за еден од своите најдобри играчи, Флоријан Вирц.
„Фармацевтите“, на пет кола до крајот и математички ја обезбедија првата титула во клупската историја. До крајот на сезоната ќе се борат за трофеите во Купот на Германија и Лига Европа.
Еден од најталентирани играчи во светот, Вирц, во досегашниот тек од сезоната има учинок од 17 гола и забележа 18 асистенции.
Интерес за неговите услуги покажале Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул…
Сепак, во Леверкузен не размислуваат да се откажат од него. Доколку пак тоа се случи, клубот ќе ја наполни клупската каса од неговиот трансфер.
„Имаме двојно помал буџет од Дортмунд, и пет пати помал буџет од Баерн. Немаме толку моќни спонзори и јасно е дека мора да живееме од продажбата на фудбалери. Вирц е наш лидер на теренот, но се си има своја цена. Ако некој понуди 150 милиони евра или повеќе, можеме да разговараме“, изјави Фернандо Каро, извршен директор на Баер Леверкузен.