Спорт
„Марка“ го проби списокот на Зидан за засилувања, листата со желби е долга
Пред Реал Мадрид се чини е бурно лето, а враќањето на Зидан на клупата на клубот е само почеток.
Во јавноста се шпекулира со многу имиња како потенцијални засилувања на кралскиот клуб, но шпанска „Марка“ тврди дека листата на желби веќе е направена, а во неа стои дека на клубот итно му требаат среден одбранбен играч, лев бек, двајца играчи за врска и напаѓач.
„Сега е време да се запрашаме кој сè ќе биде цел ова лето“, пишува „Марка“ и ги набројува потенцијалните засилувања по позиции:
Среден одбранбен играч:
– Матијс де Лијт, Милан Шкрињар, Калиду Кулибали
Леви бекови:
– Маркос Алонсо, Хосе Гаија, Давид Алаба
Играчи од среден ред:
– Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Тијаго Алкантара, Миралем Пјаниќ, Пол Погба
Напаѓачи:
– Хари Кејн, Килијан Мбапе, Нејмар, Мауро Икарди, Пјер-Емерик Обамејанг, Лука Јовиќ
https://www.marca.com/futbol/real-madrid/2019/03/19/5c7fe059268e3ed3348b4622.html
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.
Спорт
„Заминувам ако Алегри остане тренер“
Федерико Киеза (26) е подготвен да го напушти Јувентус. „Газета дело Спорт“, дури тврди дека италијанскиот репрезентативец им поставил ултиматум на клупските челници.
Енрико Киеза, сезонава не игра на вообичаеното ниво откако се опорави од тешката повреда.
Иако италијанскиот репрезентативец постигна скромни осум гола и две асистенции за неговите стандарди, Јувентус би сакал да го задржи, но се уште нема никаков напредок во преговорите.
Неговиот актуелен договор е до 2025 година, што значително го намалува просторот за маневрирање на клубот.
Киеза на лето би можел да влезе во последната година од договорот и тоа ќе биде последна шанса да клубот заработи од неговиот трансфер.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Киеза својот потенцијален останок во клубот го условува со ултиматум. Италијанскиот весник пишува дека Киеза на затворен состанок јасно им кажал на клупските челници дека сигурно ќе го напушти клубот доколку Масимилијано Алегри остане тренер и во следната сезона.
Сериозен интерес за Киеза покажа Рома, односно нејзниот тренер Даниеле Де Роси, кој ќе ја доби довербата да го предводи тимот и наредната сезона.
Спорт
Барселона подготвува мегатрансфер, го продава Араухо за 100 милиони евра
Барселона е подготвена да го продаде Роналд Араухо (25), објави каталонски „Спорт“. Овој извор наведува дека Барселона мора да заработи од трансфери на играчи во летниот преоден рок за да избегне финансиски проблеми и да ги исполни критериумите од финансискиот фер-плеј.
Уругвајскиот дефанзивец е еден од фудбалерите кои имаат најголема пазарна вредност. Раководството на Барселона смета дека од неговиот трансфер би можеле да заработат повеќе од 100 милиони евра.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра, а неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2026 година.
Барселона смета, тврди „Спорт“, дека во суперталентот Пау Кубарси (17), има квалитетна дефанзивна опција. Доколку би го продале Араухо, Барселона би се обидела да донесе слободен играч кој би му бил партнер на Кубарси.
Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Во 2018 година Барселона го донесе за речиси пет милиони евра, а оттогаш забележа 147 настапи, постигна осум гола. Со Барселона има освоено три трофеи.