Контакт

Спорт

„Марка“: Реал ги купува најдобрите млади напаѓачи во светот

Објавено пред

Во периодот на пандемијата со коронавирусот кога клубовите чувствуваат сериозни финансиски последици најчитаниот шпански весник „Марка“ открива дека Реал Мадрид има супер-амбициозен план за овој и наредниот преоден рок.

Според овој извор на „Сантијаго Бернабеу“ биле подготвени да ги донесат Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

„Марка“ тврди дека за неколку месец во Реал од Борусија Дортмунд, за сума од 75 милиони евра ќе пристигне сензационалниот Норважанец Халанд.

Највредниот трансфер Реал ќе го реализира наредното лето кога на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне Мбапе.

Не е познато колкава сума ќе треба да издвои Реал за францускиот напаѓач, но се претпоставува дека ќе платат помалку од 180 милиони евра колку што изнесуваше трансферот на Мбапе во Пари Сен жермен.

Договорот на Мбапе со Пари Сен Жермен истекува во јуни 2022 година, наредното лето е последниот рок кога „светците“ ќе можат да заработат сериозна сума од неговиот трансфер.

Последните информации од Франција говорат дека Мбапе нема намера да потпише нов договор со ПСЖ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

За Езил нема место во Арсенал

Објавено пред

Фудбалерите на Арсенал синоќа со 2:0 славеа победа над Лестер во Лига купот. Микел Артета играше со комбиниран состав во кој немаше место за играчот кој зема најмногу пари во Арсенал, Месут Озил.

Токуму поранешниот германски репрезентативец бил тема на прес-конференцијата по натпреварот.

„Овој тим напредува, тоа можете да го видите и по тоа како делуваме на теренот. Ги бираме најдобрите играчи за кои мислиме дека најмногу ќе покажат на мечот што го играме“, рекол Артета и дополнил.

„Не му е тешко само на Озил, има и други играчи кои не играа во Премиер лигата, а не беа во тимот ниту вечерва. Имаме тим од 27 играчи, не можат сите да играат“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Херојот Хиро – Мајами има 3:1 против Бостон

Објавено пред

Кошаркарите на Мајами хит се наоѓаат на чекор до пласман во големото финале во НБА-лигата. Мајами во четвртиот натпревар од финалната серија во Источната конференција славеше над Бостон селтикс со 112:109.

Четвртиот меч го обележа дебитантот Тајлер Хиро со 37 поени, шест скока и три асистенции. Хиро влезе во историјата на НБА-лигата како играч од клупата кој постигнал најмногу поени во плејофот.

Голема помош Хиро имаше во тројката Џими Батлер (24 поени), Горан Драгиќ (22 поени) и Бем Адебајо (20 поени, 12 скокови).

На спротивната страна се истакнаа Џејсон Тејтум со 28 поени, Џејлен Браун со 21 и Кемба Вокер со 20 пени.

Петтиот меч на програмата е в сабота наутро.

Прикажи повеќе...

Спорт

Потврда од Барселона – Суарез е играч на Атлетико

Објавено пред

Луис Суарез официјално ќе стане играч на Атлетико Мадрид, потврди неговиот досегашен клуб Барселона. Официјалното збогување со клубот е закажано за 12:30 часот, а ден подоцна тој ќе биде претставен во новиот клуб.

Луис Суарез (33) по шест години заминува од Барселона. Иако имаше договор до крајот на сезоната, тој најде нов клуб бидејќи тренерот Роналд Куман му соопшти дека нема да му биде потребен во тимот.

Уругваецот на „Ноу камп“ пристигна во 2014 година од Ливерпул за сума од 82.000.000 евра. Веднаш се наметна како еден од најважните играчи во тимот, на 283 натпревари постигна 198 голови и забележал 109 асистенции.

Кариерата ја започнал во Насионал, а играл и во Гронинген и Ајакс.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Македонија2 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа2 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија3 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа3 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет3 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет13 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет15 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет17 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет17 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија17 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија19 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија20 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион20 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија20 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија21 час

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет21 час

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија22 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Досие