Спорт
Мароко први во групата Е, Лукаку се изнапромашува – Хрватска ја елиминираше Белгија!

Мароко направи вистински подвиг и ги заврши натпреварувањата во групата Ф на Мундијалот во Катар на првото место, откако со 2:1 им го нанесоа третиот пораз на Канаѓаните, а Хрватска издржа за 0:0 реми против Белгија, за да ги елиминира фаворизираните „ѓаволи“ кои се враќаат дома по хаотичното првенство во кое беа на насловните страници поради конфликтите и нарушените човечки односи.
Мароко уште во четвртата минута стигна до водство против Канада, откако Хаким Зијеш ја искористи катастрофалната грешка на голманот Милан Борјан. Во 23. минута од мечот, Јусеф Ел-Несири го удвои водството по асистенцијата на Ашраф Хакими, но во 40. минута од мечот Наиф Агуер си постигна автогол за 2:1. До крајот на мечот, Мароканците останаа сигурни и така го запечатија првото место на табелата.
Белгија и Хрватска, пак, во директен дуел го одредуваа вториот патник – на Белгијците им беше потребна победа, а Хрватите одеа понатаму и со реми. Во првото полувреме најконтроверзниот момент беше досудениот пенал на судијата Ентони Тејлор за Хрватска, кој потоа беше поништен откако ВАР-снимката покажа дека има минијатурен офсајд.
Белгија тргна во офанзива во второто полувреме со влегувањето на Ромелу Лукаку во игра, но токму напаѓачот на Интер стана трагичар на својата репрезентација, откако имаше низа промашувања пред хрватскиот гол. Прво тој ја погоди стативата по одличната акција на Кевин де Брујне, за потоа моменти подоцна да шутира високо на голот. Во последните минути од мечот, тој пак беше во совршена ситуација пред празен гол, но не се снајде најдобро.
Хрватска, како второпласирана во групата, најаверојатно ќе игра против Шпанија, како првопласирана во групата Е, додека Мароко ќе игра со второпласираниот, Германија, Јапонија или Костарика.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Засега, ниту скапите засилувања не му носат победа на Челси

Челси не успеа да го добие соседското лондонско дерби против Фулам, одигрувајќи само 0:0, и покрај тоа што во стартниот тим првпат го имаа најскапиот играч во историјата на Премиерлигата, Енцо Фернандез.
Со Аргентинецот како стартер покрај украинското засилување Михајло Мудрик во нападот, навивачите на „сините“ очекуваа крај на лошата низа на резултати и победа за враќање на самодовербата. Но, Фулам се покажа како цврст противник, и иако имаше помалку од поседот на топката (околу 60-40), ги имаше поконкретните шанси пред голот на Кепа Аризабалага во текот на целиот меч.
Во 71. минута Фернандез имаше прекрасен удар од далечина кој за малку беше непрецизен, а Челси имаше совршена шанса во 79. минута, кога уште едно ново засилување, Нони Мадуеке беше во совршена шанса да постигне гол, откако голманот Бернд Лено излета, но одбраната на Фулам успеа да реагира во последен момент.
Резултатот ги крева Челси на 9. место на табелата со 30 поени, еден поен пред Ливерпул, но девет поени од топ 4 пласман, додека Фулам сега се на 6. место со 32 поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));
Спорт
Хет-трик на Санцет, Билбао ја прекина лошата серија со победа над Кадиз

Атлетик Билбао ја прекина низата од три порази во Ла лига и пет меча без победа, триумфирајќи со 3:1 против Кадиз и покрај тоа што последните половина час ги играа со 10 фудбалери.
Младиот Оихан Санцет им донесе водство на домаќините по само 10 минути игра, но Кадиз израмнија во 25. минута преку Гонзало Ескаланте. Санцет повторно стрелаше во 35. минута, за во 44. минута, Јерај Алварез да зголеми на 3:1. Второто полувреме беше многу „помирно“, откако Јури Бершиш доби втор жолт картон во 59. минута од мечот, но баскискиот клуб остана смирен и стигна до победа, откако Санцет го комплетираше хет-трикот во 75. минута од мечот.
Билбао се искачуваат на седмото место на табелата со 29 поени, исто колку и осмопласираните Рајо Валјекано (со меч помалку), додека Кадиз останува во зоната за испаѓање на 18. место со 19 поени, еден помалку од 17-пласираниот Валјадолид.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
Спорт
Звезда со посебен дрес во чест на Михајловиќ

Црвена звезда и Војводина утре ќе го почнат пролетниот дел во српската Суперлига, со посебен меч во чест на Синиша Михајловиќ, поранешниот фудбалер на вата клуба, кој почина минатата година по борбата со леукемијата.
Звезда го претстави својот посбен дрес за мечот, со ликот на Михајловиќ, а посебни дресови најавија и од Војводина, кои додадоа дека дресовите потоа ќе бидат ставени на аукција, а сите средства ќе бидат донирани за лекување на седумгодишниот Милош Ѓелап од Нови Сад, кој исто така страда од леукемија и кому му е потребна трансплантација на коскена срж.
Crvena zvezda je povodom sutrašnje utakmice posvećene Siniši Mihajloviću odlučila da za ovaj meč pripremi i poseban dres sa motivima legendarnog fudbalera. Dođite sutra na utakmicu, pogledajte nove dresove i odajte počast velikom Mihi!
🔴⚪️#fkcz pic.twitter.com/Zn6q3lTEXs
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) February 3, 2023
Fudbaleri Voše igraće u posebnim dresovima posvećenim Siniši Mihajloviću, a Rastavac želi da njegov tim bude pravi, iz obaveze prema navijačima i legendi "stare dame". 🤍❤️
Samo napred Vojvodina! #CZVVOJ https://t.co/BNTlIfjHII pic.twitter.com/rKEoPFHZwk— FK Vojvodina (@FKVojvodina1914) February 3, 2023