Спорт
Марсијал се пресели на „Рамон Санчез Писхуан“

Ентони Марсијал, до крајот на сезоната, ќе игра како позајмен играч од Манчестер јунајтед во Севилја. Повремениот репрезентативец на Франција, на дресот ќе го носи бројот 22.
Марсијал, во 2015 година, стана најскапиот играч до 20 години, во историјата на фудбалот. Манчестер јунајтед за неговиот трансфер од Монако издвоија фиксни 50.000.000 евра. Монако заработи и две третини од предвидениот бонус од 30.000.000 евра, то значи дека досега Јунајтед за Марсијал платиле 70.000.000 евра.
Марсијал на „Олд Традфорд“ не ги оправда очекувањата. Низ годините се мачеше со повредите и во ниту еден момент не ја „најде“ формата од Монако која им го препорача на „црвените ѓаволи“.
Реши да се пресели во Севилја, со цел да ја оживее кариерата. Клубот од „Рамон Санчез Писхуан“, нема да издвои ниту цент за позајмицата. Клубовите се договориле, Севилја во целост да ја преземе плата на Марсијал. До крајот на сезоната тој треба да инкасира помеѓу 6.000.000 и 8.000.000 евра.
Во договорот на Марсијал не постои откупна клаузула, што значи дека тој по завршувањето на сезоната мора да се врати во Манчестер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Последна битка за титулата во Премиерлигата: Ливерпул чека кикс на Манчестер Сити

Последно коло во англиската Премиерлига, а борбата за титулата се уште е отворена. Манчестер Сити денеска ќе се обиде да ја задржи предноста од еден бод во однос на второпласираниот Ливерпул и на тој начин да ја одбрани титулата. За тоа најверојатно ќе му биде потребна победа над Астон Вила.
Ливерпул ќе демне грешка на „граѓаните“ и ќе се обиде да го освои третиот трофеј оваа сезона.
За Ливерпул да има шанса за титулата, мора да ги победи Вулверхемптон на домашен терен. Мора да се надева и дека Манчестер Сити на домашен терен нема да ја победи Астон Вила, клуб чиј тренер е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, а на теренот меѓу другите го предводат поранешните играчи на Ливерпул, Фелипе Кутињо и Дени Ингс.
Интересна е ситуацијата во која Астон Вила ќе заработи доколку Сити стане шампион. Имено, во скапиот трансфер на Џек Грилиш од Астон Вила во Сити минатото лето беше вметната клаузула според која клубот од Бирмингем ќе добие 18 милиони евра доколку тимот на Гвардиола стане шампион.
„Ќе направиме се за да освоиме бодови против Сити овој викенд, но пред се поради мојот сегашен клуб и нашите навивачи“, изјави Стивен Џерард.
Во лудиот развој на ситуацијата, можеби ќе му биде доволен бод на Ливерпул, но тогаш би морал да го поддржи и пораз на Сити со повеќе од шест разлика. Уште полуда теорија е дека Сити би загубил со 6:0, а Ливерпул и Вулверхемптон би одиграле 5:5. Тогаш, по ова коло немаше да се знае шампионот, а Манчестер Сити и Ливерпул ќе одиграат уште еден екстра натпревар за титулата.
Ќе биде интересно да се гледа и борбата за четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Тотенхем на гостувањето кај Норич сака да ја задржи предноста од два бода во однос на петтопласираниот Арсенал, кој го пречекува растоварениот Евертон.
На дното на табелата за опстанок во лигата се борат Барнли и Лидс Јунајтед, а една од две екипи ќе мора да испадне. Моментно имаат ист број бодови, но Барнли има многу подобра гол-разлика, па Лидс ќе мора бодовно да ги надмине. Барнли во последното коло го пречекува Њукасл, а Лидс е домаќин на Брентфорд.
Спорт
Атаман: Анадолу Ефес е како НБА тим
Анадолу Ефес во драматично финале против Реал Мадрид успеа да ја одбрани титулата во Евролига. Тренерот на турскиот тим Ергин Атаман во еуфорија изјави дека Анадолу Ефес е силен како НБА тим.
„Ние сме како НБА тим. Кога зборувам за најсилната лига во светот, не зборувам само за системот или техничките работи, туку и за организацијата. Ние сме како нив, како најдобрите. Ефес е кошаркарски клуб, но и национален клуб. Ја имаме поддршката од целата земја и ова е првиот турски клуб кој ја одбранил европската титула. Немаме фудбалски клуб, но игравме во распродадена арена на последните девет натпревари на домашен терен“, изјави Атаман.
Анадолу Ефес во финалето славеше против Реал Мадрид со 58:57.
Регион
(Видео) Тепачка меѓу навивачи на „Хајдук“ со полицијата на автопатот кај Загреб, имало и повредени

Синоќа навивачите на Хајдук се судрија со полицијата на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, пренесуваат хрватските медиуми.
Според написите, за време на организираната парада околу 1.600 навивачи на Хајдук во автобуси, комбиња и автомобили од натпреварот во Загреб, застанале на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец и на тој начин ги блокирале сите ленти на автопатот во правец на Карловац.
Потоа, непочитувајќи ги предупредувањата и наредбите од полицијата, голем дел од нив, како што пишува во написите, со физичка сила и предмети погодни за нанесување повреди, нападнале полицајци од повеќе полициски одделенија кои ги придружувале, известила синоќа загрепската полиција.
Одбивајќи го нападот, полицијата возвратила со огнено оружје при што биле ранети двајца напаѓачи, а во нападот биле повредени десетина полицајци, пишуваат хрватските портали.
На социјалните мрежи се појави видео за кое се вели дека е направено синоќа за време на конфликтот. На него, како што пишуваат хрватските портали, се гледа како полицаец тепа навивач со палка додека тој влегува во автомобилот.
Во соопштението на полицијата се наведува дека во 21.35 часот околу 1.600 навивачи на ХНК Хајдук во автобуси, комбиња и лични автомобили од натпреварот во Загреб, самоиницијативно застанале на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, со што ги блокирале сите ленти во правец на Карловац, а потоа, игнорирајќи ги нивните предупредувања и наредби, „неколку стотини од нив со физичка сила и предмети погодни за нанесување повреди нападнале полициски службеници од повеќе полициски одделенија кои ги следеле“, се вели во соопштението на полицијата.
„Полициските службеници употребија средства за присилба, вклучително и огнено оружје, за да го одбијат нападот врз неколку лица, по што надгледуваниот конвој повторно беше ставен под надзор. Во тек е идентификација и приведување на осомничени за кривични дела и прекршоци. Засега е утврдено дека две лица кои биле директно инволвирани во нападот врз полицајци се ранети, најверојатно од огнено оружје, а повредени се десетина полицајци. Сите повредени се надвор од животна опасност“, било наведено во соопштението.
„При контрола на настанот сообраќајот на таа делница од автопатот е затворен и пренасочен на алтернативни правци. Во тек е истрага и кривична истрага“, констатира полицијата.
N1 Загреб известува дека и утринава е затворен за сообраќај делот од автопатот Загреб-Сплит-Плоче каде се случил инцидентот.