Спорт
Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо

Новото засилување за Рома, српскиот ветеран Немања Матиќ, признава дека се решил за трансфер во италијанскиот клуб поради тренерот Жозе Мурињо со кого ќе работи и во трет клуб по Челси и Манчестер јунајтед.
33-годишниот Матиќ потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона со „волчицата“ со годишна плата од 4,3 милиони евра и вели дека е подготвен да ја преземе одговорноста.
„Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум за него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб, кој секогаш бил атрактивен за фудбалерите. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо. Тимот има многу квалитетни фудбалери со многу млади фудбалери, кои се тука за иднината. По осум и пол години, сакав ново искуство. Рома и Серија А се голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиер лигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови, и мислам дека не згрешив. На Јунајтед му посакувам да се подобри и повторно да освојува титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, вели Матиќ.
LIVE | La conferenza stampa di presentazione di Nemanja Matic ?️ https://t.co/WLEe2lSQzF
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дани Себалјос одлучи да остане на „Бернабеу“

Шпанскиот репрезентативец Дани Себалјос ќе остане во Реал Мадрид и оваа сезона. Иако е свесен дека повторно ќе има периферна улога во мадридскиот тим, играчот од средниот ред избра да остане во клубот.
Анчелоти, пак, сметаше дека нема подобар играч на трансфер пазарот да го замени стартерот Лука Модриќ. Тој на 26-годишниот Шпанец му вети и поголема минутажа оваа сезона.
Дополнително, раководството ја разгледува можноста фудбалерот кој има 11 натпревари за репрезентацијата да добие понуда за продолжување на договорот кој истекува следното лето.
Откако помина две години на позајмица во Арсенал, Дани Себалјос остана во Реал Мадрид минатата сезона, но доби само 338 минути на 18 натпревари во сите натпреварувања. Во новата сезона, тој се појави на двата натпревари на тимот досега о повторно како резерва, со скромна минутажа.
Спорт
Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер значително ја засили пикерската позиција во тимот за следната сезона. Покрај македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, нов член е и стандардниот репрезентативец на Русија, Денис Васиљев.
„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Денис Васиљев.
Тој е освојувач на три шампионати и три национални Купа на Русија со Чеховски Медведи, а има и украинска титула со Мотор.
Спорт
Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Алваро Мората не е многу заинтересиран да се пресели во Манчестер Јунајтед ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Атлетико Мадрид. Напаѓачот се врати во шпанскиот клуб откако ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, кој не ја искористи опцијата од 30 милиони фунти за трајно ангажирање на Шпанецот.
Мората му бил понуден на Ерик тен Хаг како опција за напаѓач, но Шпанецот призна дека е среќен на „Ванда Метрополитано“.
„Навистина сакам да играм овде, да работам и да се надрградувам. Возбуден сум што сум дел од Атлетико Мадрид. Шпекулации за мојата иднина? Со тие работи се занимаваат медиумите, а јас само сакам да играм и да дацам голови. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум овде и сакам да продолжам“, изјави Шпанецот.