Спорт
Мбапе: Можеби мојата иднина не е во ПСЖ
Иднината на француската фудбалска мегаѕвезда Килијан Мбапе во Пари Сен-Жермен не е најсигурна кога напаѓачот изјави дека се наоѓа на пресвртница во својата кариера и побара поголема одговорност во францускиот клуб.
Зборувајќи при примањето на наградата за најдобар фудбалер во француската Лига 1, 20-годишниот Мбапе порача дека му е потребна поголема улога во играта, но посочи дека тоа може да биде во ПСЖ или некаде на друго место.
„Секако, имаше неколку разочарувања оваа сезона, но тоа е дел од фудбалот, успеавме да ја освоиме лигата и да останеме шампиони. Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи, на тренерот и на клубот, но ова е важен момент за мене бидејќи дојдов до втората пресвртница во кариерата. Научив многу работи во Париз и сега е време да имам поголема одговорност. Се надевам дека тоа ќе биде во Пари Сен-Жермен бидејќи ќе ми претставува огромно задоволство, но можеби ќе биде некаде во нов проект“, изјави Мбапе.
Тој веднаш беше запрашан дали ова значи дека следната сезона може да игра за нов клуб.
„Го кажав тоа што го кажав. Во вакви пригоди можеш да пратиш порака и мислам дека ја пратив мојата. Ако зборувам повеќе, ќе биде премногу и тоа не е пораката што сакам да ја пратам“, вели Мбапе, кој дојде во ПСЖ од Монако во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.