Спорт
Мбапе пред Винисиус како највреден фудбалер на светот

Популарната ЦИЕС фубалска опсерваторија ја објави својата најнова листа на највредни фудбалери на светот, и на врвот нема изненадувања – таму е Килијан Мбапе, човекот кој доби мега-договор од Пари Сен-Жермен со неверојатни услови.
Во анализата се земени во предвид должината на договорите на фудбалерите, нивната трансфер-вредност, како и возраста.
23-годишниот Мбапе, според проценките, вреди 205.6 милиони евра, со што е убедливо на првото место пред ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 185.3 милиони евра, новото засилување на Манчестер сити, Ерлинг Халанд со 152.6 милиони евра, а во топ 5 се уште и Педри од Барселона (135.1 милиони евра) и Џуд Белингем од Борусија Дортмунд (133.7 милиони евра).
Над 100 милиони евра во топ 10 вредат уште Фил Фоден (Манчестер сити), Френки де Јонг (Барселона), Луис Дијаз (Ливерпул), Рубен Дијаш (Манчестер сити) и Феран Торес (Барселона).
Exclusive @CIES_Football ⚽️ list of top ? estimated transfer values ?
? @KMbappe ?? (@PSG_inside) €2⃣0⃣6⃣M
? @vinijr ?? (@realmadrid) €1⃣8⃣5⃣M
? @ErlingHaaland ?? (@ManCity) €1⃣5⃣3⃣M
Full list and method ? https://t.co/Lyym775CHC pic.twitter.com/9jbsny7Tms— CIES Football Obs (@CIES_Football) June 6, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уште ова не сме виделе – руски ММА борби со врзани очи!

ММА борбите во последната деценија станаа едно од најатрактивните шоуа за спортските фанови, но понекогаш желбата за нешто „посебно“ и „специјално“ оди предалеку, посебно во ММА организациите од Русија и Полска.
Последен ваков момент ни доаѓа од Русија со таканареченото „Поп ММА“ шоу, во кое има навистина неверојатни мечеви, како тој во кој двајцата фајтери имаат врзан очи (иако како што може да се забележи од снимката, двајцата мамат.
Always something new from those events #popMMA pic.twitter.com/QxcR2NRZGN
— Matysek (@Matysek88) June 24, 2022
Целото „Поп ММА“ шоу, на кое има и други бизарни мечеви како „двајца против еден“ можете да го видите на следното видео.
Спорт
Челси ги сакаат и Стерлинг и Дембеле!

Откако новата ера на Челси под водство на американските газди стартуваше тивко без големи трансфери туку со повеќе заминувања (Кристенсен, Ридигер, Лукаку…), англиските медиуми тврдат дека Тод Бели ги договара трансферите на Рахим Стерлинг и Усман Дембеле во нападот.
Бели, чија корпорација го купи лондонскиот клуб од Роман Абрамович го замени Брус Бак како претседател на клубот, но ја презеде улогата на Марина Грановскаја, која досега ги средуваше трансферите на клубот. Според „Дејли мејл“, стратегијата на фудбалскиот пазар Бели ја води во консултација со менаџерот Томас Тухел, кому ќе му биде потребно засилување во нападот.
25-годишниот Дембеле, иако му заврши договорот со Барселона, би сакал да остане во Каталонија, но таму не можат да му ја понудат досегашната плата од 150.000 фунти неделно, додека Челси се подготвени да стигнат до сума од 200.000 фунти секоја недела. Тухел работеше со Дембеле во Борусија Дортмунд во 2016/17 пред неговиот трансфер во Барселона, а германскиот тренер исто така веќе контактирал со Стерлинг, кој има уште една година од договорот со Сити.
На Челси му се неопходни и засилувања во одбраната, по заминувањето на Андреас Кристенсен во Барселона и на Антонио Ридигер во Реал Мадрид, и според италијанските медиуми веќе преговараат со Јувентус за носење на Матијс де Лихт на „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Мбапе удри по тактиката на Почетино: Не се плашат од нас

Килијан Мбапе инсистира дека Пари Сен-Жермен веќе не биле „страшен“ тим под тренерот Маурисио Почетино, кој се верува дека веќе има добиено отказ и дека газдите на францускиот клуб се подготвени да го промовираат Криштоф Галтие во нов тренер.
ПСЖ ја освоија титулта во француската Лига 1 со 15 поени предност, но повторно „паднаа“ во Лигата на шампионите по спектакуларниот колапс против Реал Мадрид, кога имаа предност од два гола пред Карим Бензема да постигне хет-трик во само 18 месеци.
Мбапе, кој неодамна ја продолжи верноста кон клубот, со договор кој му дава огромна моќ во Париз, не бил импресиониран од работата на поранешниот менаџер на Тотенхем.
„Последната сезона не бевме толку страшни, и не бевме веќе недопирливи. Сакаме повторно да бидеме застрашувачки во Франција, нешто што не ни успеа последните две сезони. Секако, Лигата на шампионите останува наша цел. Тоа е јасно одредена цел. Не треба да објаснуваме многу, го сакаме тој трофеј“, вели Мбапе.