Спорт
Мбапе: Сакав да го напуштам ПСЖ

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мабпе, прв пат прогоровил за желбата да го напушти клубот од „Паркот на принцовите“.
Сагата околу евентуалниот трансфер на Мбапе, траеше речиси цело лето, а се интензивираше во моментот кога Лионел Меси стана играч на ПСЖ.
Во интервју за „РМЦ спорт“, кое во целост ќе биде објавено во вторник, напаѓачот на ПСЖ, признал дека сакал да го напушти клубот во летниот преоден рок.
„Побарав да си одам, сакав клубот да заработи од мојот трансфер и да донесе квалитетна замена, бидејќи не не сакав да го продолжам договорот. Клубот многу ми даде, секогаш се чувствував среќен. И се уште сум среќен. Навреме им кажав дека сакам да си одам, за да можат да реагираат. Сакав од ова сите да излеземе посилни, да си подадеме рака, на крајот го почитував тоа. Им кажав, ако не сакате да замина, во ред е ќе останам“, рекол Мбапе.
22-годишниот напаѓач најчесто се поврзува со Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона сака да го доведе Амрабат на позајмица

Барселона се обидува да го доведе Софијан Амрабат од Фиорентина во последните часови од преодниот рок, пренесува доверливиот новинар Жерар Ромеро. Играчот од средниот ред беше еден од најистакнатите играчи на Светското првенство во Катар, импресионирајќи со своите настапи за селекцијата на Мароко.
Каталонците ќе сакаат зделката да биде само на позајмица до крајот на сезоната, а причина за тоа е нивната финансиска состојба.
Фиорентина тешко ќе се раздели со својата ѕвезда, но се очекува самиот Амрабат да притиска до крајот на денот за да се пресели во шпанскиот клуб.
Спорт
Кристијан Ериксен ќе паузира три месеци

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен нема да игра најмалку три месеци откако се повреди по грубиот старт на Енди Керол на натпреварот од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг (3:1).
„Кристијан Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот заработена на победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони. Првичните проценки велат дека Ериксен ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај. Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.
Speedy recovery, @ChrisEriksen8 🙏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2023
Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.