Контакт

Daily news

Ливерпул победи во „Мерсисајд“ дербито (видео)

Објавено пред

Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон 3:1 (2:1), во 228-то „Мерсисајд“ дерби. Мане, Кутињо и Ориги беа стрелци за Ливерпул, а младиот Пенингтон го постигна едниствениот гол за Евертон.

Ливерпул во градското дерби максимално го искористи проблемот кој Евертон, односно менаџерот Куман, го има со повредените фудбалери и успеа да забележи рутунска победа.

Поради тоа Куман мечот го започна со тројца млади играчи: Пенингтон, Холгејт и Каквер-Левин, кои пред дербито заедно имаа одиграно 15 натпревари во Премиерлигата.

Ливерпул максимално го искористи невното неискоство, особено на Пенингтон, бидејчи преку неговата позиција (десен бек) „црвените“ ги исградија акциите при постигнувањето на сите три гола.

Евертон нема триумф над градскиот ривал од 2010 година, а последен пат на „Енфилд“ победил во 1999 година.

Првиот гол на натпреварот го постигна Сенегалецот Мане, кој лесно мина низ одбраната на Евертон и го совлада Роблес.

Евертон израмни преку Пенингтон во 28.минута. Младиот бек најдобро се снајде во една мешаница и од непосредна близина ја погоди мрежата.

Само три минути подоцна Кутињо му донесе ново водство на Ливерпул. Ливерпул напаѓаше по левата страна, а Бразилецот со убав удар го погоди спротивниот агол од голот на Роблес.

Конечниот резултат во вториот дел го постави Ориги, кој неколку минути пред постигнувањето на голот го замени повредениот Мане. Белгиецот од работ на шеснаесетникот со прецизен удар го натера Роблес уште еднаш да ја вади топката од својата мрежа. крај/мф/нц

https://www.youtube.com/watch?v=sZv1c9vQitQ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...