Меѓународен
Минесота до крајот на сезоната без Бјелица
Кошаркарот на Минесота Немања Бјелица поради повреда на стпалото ја заврши оваа сезона, соопшти клубот.
Српскиот репрезентативец се повреди во четвртокот, во втората четвртина на натпреварот во Бостон. Повредата на Бјелица е уште еден удар за Минесота и тимските амбиции за пласман во разигрувањето, бидејќи неколку недели претходно сезоната поради повреда ја заврши и Зек Лавин.
Бјелица сезонава одигра 54 натпревари, на кои бележел во просек по 6,2 поени, 3,8 скокови и 1,2 асистенции. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
