Меѓународен
Фенербахче остана без Богдановиќ
Кошаркарот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ, доживеа потешка повреда на глуждот на натпреварот во Баберг, во рамките на 26.коло во Евролигата.
Фенербахче победи во Бамберг 83:78, но победата ан турскиоттим ја засени повредата на најдобриот играч во тимот Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец, во осмата минута го повреди глуждот на десната нога.
Поради слична повреда, Богадановиќ, сезонава веќе пропушти седум натпревари во Евролигата, односно нешто повеќе од два месеци отсуствуваше од тимот.
Фенербахче со триумфот над Бросе Бамберг ја задржа четвртата позиција на табелата со 17 победи и девет порази. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
