Контакт

Меѓународен

Чеферин: Регионалната лига би била смрт за фудбалот во малите држави

Објавено пред

Претседателот на УЕФА Алаксандар Чеферин во интервју за New York Times, рекол дека регионалната лига би преставувала „смрт за фудбалот во малите земји“.

Првиот човек на УЕФА често истакнува дека негова заложба не е основање на регионална лига на Балканот, бидејќи од година во госина забележлива е разликата помеѓу големите и малите тимови.

„Сегашниот формат на натпреварување ќе остане затоа што регионалните лиги не би требало да ги заменат националните првенства. Ќе ги разгледам сите идеи, но мислам дека тие лиги треба да бидат додаток за националните првенства, а не да станат поважни од нив. Тоа би преставувало смрт за фудбалот во малите држави. доколку Марибор или Олимпија би се квалификувале во некаква Балканска, Кадранска или Алпска лига, како и да биде наречена, тоа ќе значи крај за фудбалот во Словенија“, рекол Чеферин.

Мислења и идеи на оваа тема ќе се разменуваат и на 41-от конгрес на УЕФА кој ќе се одржи на 5.април во Хелсинки. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

УЕФА покрена постапка против Барселона

Објавено пред

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Барселона поради инцидентот на Камп Ноу за време на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони против Рома.

УЕФА ја обвини Барселона поради тоа што навијачите на нивниот клуб фрлале предмети на теренот. Случајот ќе биде разгледан на 31 мај. Истиот ден дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледува и случајот против Ливерпул.

Барселона во првиот меч на четвртфиналето на Лигата на шампиони ја победи Рома со 4:1. Реваншот се игра следната недела во Рим.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

(Видео) Деца фудбалери од цел свет ќе играат заедно за еден тим

Објавено пред

Македонија по вторпат дел е од интернационалниот проект „Фудбал за пријателство“. Оваа година проектот на компанијата „Газпром“ ќе обедини деца од 211 земји и региони. Новата, шеста сезона на проектот официјално беше отворена со одржување „отворена ждрепка“ во Москва. „Фудбал за пријателство“ е интернационална детска општествено-одговорна програма имплементирана од компанијата „Газпром“ – официјален партнер на ФИФА и Светскиот куп Русија 2018. Цел на оваа програма е вклученост на младите генерации ширум светот преку промовирање на најважните човечки вредности меѓу нивните врсници – пријателство, еднаквост, мир и почит кон различни култури и националности. Оваа година вкупно 211 земји и региони се приклучија кон проектот. Главните настани од оваа сезона ќе се одржат во Москва, Русија, во период од 8 до 15 јуни годинава.

Вкупно 32 интернационални тимови на пријателство беа формирани во текот на „отворената ждрепка“, во чии рамки беа определени и позициите за младите фудбалерски играчи – амбасадори од секоја од земјите учеснички (голман, дефанзивец, играч од среден ред или напад). Деца фудбалери од различни националности, различен пол и со различни физички способности, на возраст од 12 години, ќе играат заедно во еден тим.

Сите играчи во интернационалните мешани тимови на пријателство ќе бидат тренирани од страна на млади тренери – фудбалски играчи на возраст од 14 до 16 години од различни држави. Повеќе од 5.000 медиуми ширум светот ќе ги пренесуваат програмските настани, а покрај нив за проектот ќе се известува и од Интернационалниот детски прес-центар, кој се состои од млади 12-годишни новинари од 211 земји и региони. Националната селекција за учесници во проектот кои ќе станат млади амбасадори на мирот, пријателството и еднаквоста во нивните држави е веќе почната низ целиот свет. Македонија втора година по ред ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот „Фудбал за пријателство“, локално поддржан од агенцијата „АПРА Портер Новели Македонија“.

Овие 32 тима ќе се натпреваруваат во рамки на Светското првенство на фудбал за пријателство, кое ќе се одржи на 12 јуни.  Како еколошка иницијатива, во рамки на овогодишната сезона на „Фудбал за пријателство“, сите 32 интернационални тимови за пријателство се именувани по животни од загрозен вид од сите континенти во светот.

Прикажи повеќе...

Daily news

Како стручен коментатор ќе заработи многу пари

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, како дел од тимот на телевизијата „РТ“ ќе биде на Светското првенство во Русија.

Португалецот ќе биде специјален гостин гостин во емисиите на „РТ“, а за само пет дена ќе заработи вистинско богатство. Руската телевизија на Мурињо ќе му плати милион фунти (околу 1,2 милиони евра).

Токму финансискиот момент е причината поради која Мурињо ги одбил понудите на британските телевизии Би-би-си и „Скај спортс“ и реши да биде стручен аналитичар на „РТ“.

Покрај Мурињо, телевизијата како стручен аналитичар го ангажира и поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија56 минути

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија2 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија4 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести6 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија7 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие