Меѓународен
Кикс на Реал против Лас Палмас – видео

Реал не успеа да слави кај Лас Палмас во шестото коло во Примера, иако против домаќинот два пати имаше предност. Новиот кикс на Реал го искористи Барселона и со убедливиот триумф во Хихон на лидерот му се доблиѓи на еден бод.
Реал сезоната ја започна со четири победи, но во последните две кола освои само два бода, откако одигра нерешено против Виљареал и Лас Палмас.
Реал на теренот на противникот, во исклучително возбудлив натпревар, два пати имаше предност, но не успеа да освои три бода.
Головите за Реал ги постигнаа Асенсио во 33-та и Бензема во 67-та минута, додека кај домаќинот погодуваа Тнаусу во 38-та и Аруахо во 85-та минута.
Резултати:
Еибар-Реал Сосиедад 2:0
Спортинг-Барселона 0:5
Атлетик Билбао-Севилја 3:1
Лас Палмас-Реал 2:2. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен
Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.
Марадона се опоравуваше од операција на мозокот.
Murió Diego Armando Maradona. pic.twitter.com/09KcWrJyNu
— TyC Sports (@TyCSports) November 25, 2020
На почетокот на месецов Марадона беше примен во болница поради губење на енергија, но потоа било утврдено дека имал крварење во мозокот. На 12 ноември му беше опериран хематом во главата, по што бил испратен на домашно лекување.
Лекарите констатирале дека е во добра општа состојба, но се чини животот кој го водеше популарниот „Ел Пибе“ оставил последици.
Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.
На 22 јуни во 1986, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Светското првенство, на натпревар кој ќе остане запаметен по двата гола на Марадона: „Божјата рака” и „Голот на векот”.
Стана легенда и во Наполи, клуб со кој освои две скудета и Куп на УЕФА. Работеше како селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија Ла Плата.
Меѓународен
Најголемите пропусти на Адрија турнејата каде се рашири коронавирусот

Хрватската тениска асоцијација (ХТС), како организатор на хрватскиот дел од Адрија турнејата, што се одржа минатиот викенд во Задар, направи серија грешки во организирањето на турнирот на кој настапија некои од најголемите светски тениски sвезди, пишува „Јутарњи лист“.
Поради неодговорно однесување, потсетува весникот, најмалку пет спортисти се заразени со коронавирусот – бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот тренер, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и тренерот на Новак Ѓоковиќ, за кого сé уште се очекуваат резултатите од тестот.
Меѓу најголемите неуспеси на организаторите, пишува дневникот, е тоа што играчите и нивните екипи не биле тестирани за коронавирус, а бугарскиот тенисер Григор Димитров очигледно дошол во Хрватска со коронавирус.
Покрај тоа, на турнирот на стадионот влегувал кој сака, иако ХТС добил јасни упатства од Заводот за јавно здравје за тоа како да се организира турнирот на отворено. Според протоколот, на влезот требало да се евидентираат секој натпреварувач и неговата придружба, како и секој посетител.
„Јутарњи лист“ пишува дека немало средства за дезинфекција на влезот на стадионот, трибините на некои делови биле преполни иако ХЗЈЗ имал пропишано за вакви натпревари да може да се одржат со гледачи, капацитетите мора да бидат намалени на една третина.
Биле организирани и придружни настани со деца.
„Иако организаторите побараа упатства за тоа како да се одржи турнирот, не само што не ги следеа, туку никој од учесниците не одржуваше физичка дистанца и не ги дезинфицираше рацете, а имаше и настани за кои епидемиолозите не знаеја. Најлошо од сè е што беше организиран и Кидс деј како дел од турнирот на кој голема група деца се дружеле со Ќориќ и Ѓоковиќ“, пишува „Јутарњи лист“.
Дневникот, исто така, заклучува дека вработените во турнирот не се придржувале кон мерките. Ниту еден од персоналот не носел маска, официјалните возачи исто така не се придржувале кон мерките за заштита, а на влезот на стадионот никој не ги контролирал билетите и не ја мерел температурата на учесниците и посетителите.
Меѓународен
Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.
„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.
Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.
Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.
Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.
Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер