Контакт

Меѓународен

Кралот Џејмс се враќа во Кливленд

Објавено пред

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, кој пред десетина дена го раскина договорот со Мајами и стана слободен агент, реши да се врати во Кливленд, екипа каде што ја започна НБА кариерата.

Кралот Џејмс дресот на Кливленд Кавалирс го носеше од 2003 до 2010 година кога замина во Мајами, екипа со која четири пати последовно играше во големото финале во НБА лигата и освои две шампионски титули.Кога во 2010 година го напушташе Кливленд, Џејмс предизвика големо незадоволство кај навивачите кои лути на неговата одлука ги пале дресовите со неговото име. „Пред било кој да се интересираше за мене, јас бев дете од североисточен Охајо. Таму ги направив првите чекори, таму трчав и таму првпат заплакав. Тоа е посебно место во моето срце. Луѓето ме гледаа како растам. Понекогаш чувствувам дека сум нивни син. Нивната страст е голема, таа ме мотивира. Сакам да им дадам надеж, да ги инспирирам. Мојата врска со североисточен Охајо е над кошарката. Тоа не го видов пред четири години, сега го гледам тоа. Во мајами заминав поради Двејн Вејд и Крис Бош. Се жртвувавме да го сочуваме во тимот Јудонис Хаслем. Би сакал да му бидам постар брат на Марио Чалмерс. Верував дека заедно можеме да направиме нешто магично. И тоа го направивме. Најтешка беше одлуката да напуштам нешто што заедно го изградивме. Со некои од нив разговарав, со некои ќе го сторам тоа подоцна. Ништо не ме може да го промени она што го направивме. Ние сме браќа до крајот на животот. Сакам да им се заблагодарам на Мики Арисон и Пет Рајли за прекрасните четири години“, рекол меѓудругото Џејмс за Спортс илустрејтед. Во текот на својата НБА кариера, Леброн Џејмс, во просек имаа учинок од 27,5 поени, 7,2 скока и 6,9 асистенции по натпревар.Во тимот на Кливленд тој ќе соработува со тренерот Дејвид Блат кој ќе има можност во две последовни сезони да стане шампион во Евролигата и во НБА лигата.Дејвид Блат, во својата прва НБА сезона како тренер ќе има можност да работи со четири први пикови од драфтовите во НБА, покрај Џејмс тука се уште Кајри Ирвинг, Ентони Бенет и Ендру Вигинс. Покрај нив Тристан Томпсон и Дион Вејтерс биле бирани како четврти пикови. Откако Леброн ја објави одлуката дека се враќа дома Кливленд веднаш стана фаворитот број 1 за освојување на титулата.„Го пишувам овој есеј бидејќи сакам да објаснам што мислам без некој да ме прекинува. Не сакам некој да помисли дека не се согласував со Ерик Сплостра или со Пет Рајли. Дека Мајами не можел да направи доволно силен тим. Тоа не е точно. Кога го напуштав Кливленд имав мисија, сакав титула, освоив две со Мајами, но Мајами знае како се освојуваат титули. Овој град го немал тоа чувство. Мојата цел е иста, да освојам што е можно повеќе титули. Но она што ќе биде најважно е да ја донесам титулата во североисточен Охајо. Секогаш верував дека кариерата ќе ја завршам таму. Никогаш не помислував да станам слободен агент на крајот од сезоната. Започнав да размислувам каде би сакал да растат моите два сина и како би било тоа да е во мојот роден град. Размислував и за други тимови но не можев подалеку од Мајами или Кливленд. Не ветувам титула, знам колку е тешко да се стигне до неа. Секако дека сакам да ја освоиме следната сезона, но тоа не е реално. Доаѓам во млад тим кој има нов тренер. Јас ќе бидам еден од највозрасните. Мислам дека можам на Ирвинг да му помогнам да стане еден од најдобрите бекови во лигата. Мислам дека можам да им помогнам на Тристан и Вејтерс. Со нетрпение чекам да се видам со Андерсон Варежао, еден од моите омилени соиграчи. Подготвен сум за нов предизвик. Се враќам дома“. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Најголемите пропусти на Адрија турнејата каде се рашири коронавирусот

Објавено пред

Хрватската тениска асоцијација (ХТС), како организатор на хрватскиот дел од Адрија турнејата, што се одржа минатиот викенд во Задар, направи серија грешки во организирањето на турнирот на кој настапија некои од најголемите светски тениски sвезди, пишува „Јутарњи лист“.

Поради неодговорно однесување, потсетува весникот, најмалку пет спортисти се заразени со коронавирусот – бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот тренер, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и тренерот на Новак Ѓоковиќ, за кого сé уште се очекуваат резултатите од тестот.

Меѓу најголемите неуспеси на организаторите, пишува дневникот, е тоа што играчите и нивните екипи не биле тестирани за коронавирус, а бугарскиот тенисер Григор Димитров очигледно дошол во Хрватска со коронавирус.

Покрај тоа, на турнирот на стадионот влегувал кој сака, иако ХТС добил јасни упатства од Заводот за јавно здравје за тоа како да се организира турнирот на отворено. Според протоколот, на влезот требало да се евидентираат секој натпреварувач и неговата придружба, како и секој посетител.

„Јутарњи лист“ пишува дека немало средства за дезинфекција на влезот на стадионот, трибините на некои делови биле преполни иако ХЗЈЗ имал пропишано за вакви натпревари да може да се одржат со гледачи, капацитетите мора да бидат намалени на една третина.

Биле организирани и придружни настани со деца.

„Иако организаторите побараа упатства за тоа како да се одржи турнирот, не само што не ги следеа, туку никој од учесниците не одржуваше физичка дистанца и не ги дезинфицираше рацете, а имаше и настани за кои епидемиолозите не знаеја. Најлошо од сè е што беше организиран и Кидс деј како дел од турнирот на кој голема група деца се дружеле со Ќориќ и Ѓоковиќ“, пишува „Јутарњи лист“.

Дневникот, исто така, заклучува дека вработените во турнирот не се придржувале кон мерките. Ниту еден од персоналот не носел маска, официјалните возачи исто така не се придржувале кон мерките за заштита, а на влезот на стадионот никој не ги контролирал билетите и не ја мерел температурата на учесниците и посетителите.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

Објавено пред

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Објавено пред

Македонските натпреварувачи во Twingo Cup денеска го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска на отворањето на новата сезона. Нашите возачи се покажаа во фантастично светло и имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.

Денеска на „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25) .

Втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради проблем во последниот круг со контакт на бомбината не ја заврши трката.

Нашите возачи за прв пат ја возат оваа патека и се натпреваруваа со возачи од Италија и Словенија кои четири години возат и тренираат на истата патека.

Учество земаа:
•АКК Рено Спорт
•Кастум Кар
•АКК Свифт Рејсинг

Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува утре (23 февруари). На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет6 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија6 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет18 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие