Контакт

Меѓународен

Кристал Палас го бара Ивановиќ

Објавено пред

Премиерлигашот Кристал Палас покажал сериозен интерес за дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, пренесува Mirror.

Долгогодишниот столб на одбраната на Челзи, Ивановиќ, од доаѓањето на новиот менаџер Антонио Конте има мала минутажа на теренот, а откако Италијанецот започна да игра со тројца во последната линија, капитенот на српската репрезентација е закован на клупата за резерви.Таквиот статус и фактот дека летово му истекува договорот со Челзи, предизвикува голем интерес кај неколку премиерлигашки тимови за услугите на Ивановиќ.Како што пренесува Mirror, најсериозен интерeс покажува лондонскиот ривал на Челзи, Кристал Палас, односно менаџерот Алан Пардју.Ивановиќ има 32 години, во Челзи е од 2008 година, а со „сините“ има освоено две титули во Премиерлигата, три во ФА купот и по една во Комјунити шилд, Лига купот, Лигата на шампионите и Лига Европа. За Челзи, српскиот репрезентативец има одиграно 368 натпревари, на кои постигнал 33 гола./крај/мф/нц

Извор: mirror



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Извлечено тело од авионот со кој се урнаа Сала и пилотот

Објавено пред

Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон било извлечено едно тело. Засега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.

Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.

Откако операцијата на извлекувањето на телото била успешно завршена, телото било пренесено во Портланд, Англија, каде што ќе биде идентификувано и каде што ќе се изврши обдукција.

Спасувачките тимови се обидувале да го подигнат трупот на авионот од морското дно за да можат да продолжат со потрагата по другото тело, меѓутоа временските услови не им го дозволиле тоа.

Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа на 21 јануари над Ла Манш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде што требало да им се приклучи на новите соиграчи.

Нант ги бара парите од трансферот на Сала, инаку ќе тужи!

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Роналдо осуден на условна затворска казна

Објавено пред

Фудбалерот Кристијано Роналдо призна вина, а судот во Мадрид го осуди на условна затворска казна поради даночно затајување во Шпанија. Тој се согласил да плати 18,8 милиони евра. Португалецот затаил данок во периодот од 2011 до 2014 година.

Шпанскиот суд му одреди на Роналдо 23-месечна затворска казна, меѓутоа нема да оди зад решетки бидејќи според законот во оваа земја, за ваков вид криминал, казната станува условна доколку е помала од две години.

Роналдо денеска бил во Шпанија за да ја слушне пресудата. Тој во летниот преоден рок го напушти Реал и за 100 милиони евра се пресели во Јувентус.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е само еден во низата фудбалери кои се осудени од шпанскиот суд поради даночно затајување. Пред него слично поминаа Лионел Меси, Лука Модриќ, Радамел Фалкао, Алексис Санчез…

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Хрватска шахистка почина за време на партија шах

Објавено пред

Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.

Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.

Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет5 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија6 часа

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија8 часа

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија11 час

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести11 час

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа12 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт12 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија12 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа1 ден

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет1 ден

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет1 ден

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија1 ден

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ1 ден

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет1 ден

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа1 ден

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Досие