Меѓународен
Политиката го пролонгира почетокот на АБА лигата

Затворањето на границите меѓу Србија и Хрватска коешто произлезе од бегалската криза, би можело да го одложи почетокот на регионаланта АБА лига.
Стартот на лигата е закажан за 1-ви октомври, почетокот може да биде пролонгиран по одлуката на Хрватска да им го забрани влезот во државата на српските државјани.
Во АБА лигата учествуваат три екипи од Хрватска и четири од Србија, а речиси сите останати тимови во своите редови имаат играчи со српски пасоши.
Првиот српско-хрватски дуел е закажан за 6-ти октомври кога Црвена ѕвезда треба да гостува во Задар.
Исто така, актуелниот првак во АБА лигата, Црвена ѕвезда во моментов се наоѓа во Задар каде учествува на силен подготвителен турнир, но членовите на раководството на клубот кои во четвртокот требало да пристигнат во Задар, поради блокадата не отпатувале за Хрватска./крај/мф/нц
Извор: B92
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен
Извлечено тело од авионот со кој се урнаа Сала и пилотот

Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон било извлечено едно тело. Засега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.
Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.
Откако операцијата на извлекувањето на телото била успешно завршена, телото било пренесено во Портланд, Англија, каде што ќе биде идентификувано и каде што ќе се изврши обдукција.
#BREAKING: A body has been recovered from the plane carrying Emiliano Sala and pilot David Ibbotson.
"The body is currently being taken to Portland to be passed into the care of the Dorset Coroner" – Air Accidents Investigation Branch (AAIB) pic.twitter.com/bfLUDuZjyz
— Optus Sport (@OptusSport) February 6, 2019
Спасувачките тимови се обидувале да го подигнат трупот на авионот од морското дно за да можат да продолжат со потрагата по другото тело, меѓутоа временските услови не им го дозволиле тоа.
Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа на 21 јануари над Ла Манш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде што требало да им се приклучи на новите соиграчи.
Меѓународен
Роналдо осуден на условна затворска казна

Фудбалерот Кристијано Роналдо призна вина, а судот во Мадрид го осуди на условна затворска казна поради даночно затајување во Шпанија. Тој се согласил да плати 18,8 милиони евра. Португалецот затаил данок во периодот од 2011 до 2014 година.
Шпанскиот суд му одреди на Роналдо 23-месечна затворска казна, меѓутоа нема да оди зад решетки бидејќи според законот во оваа земја, за ваков вид криминал, казната станува условна доколку е помала од две години.
Роналдо денеска бил во Шпанија за да ја слушне пресудата. Тој во летниот преоден рок го напушти Реал и за 100 милиони евра се пресели во Јувентус.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е само еден во низата фудбалери кои се осудени од шпанскиот суд поради даночно затајување. Пред него слично поминаа Лионел Меси, Лука Модриќ, Радамел Фалкао, Алексис Санчез…
Меѓународен
Хрватска шахистка почина за време на партија шах

Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.
Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.
Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал