Контакт

Меѓународен

Политиката го пролонгира почетокот на АБА лигата

Објавено пред

Затворањето на границите меѓу Србија и Хрватска коешто произлезе од бегалската криза, би можело да го одложи почетокот на регионаланта АБА лига.

Стартот на лигата е закажан за 1-ви октомври, почетокот може да биде пролонгиран по одлуката на Хрватска да им го забрани влезот во државата на српските државјани.

Во АБА лигата учествуваат три екипи од Хрватска и четири од Србија, а речиси сите останати тимови во своите редови имаат играчи со српски пасоши.

Првиот српско-хрватски дуел е закажан за 6-ти октомври кога Црвена ѕвезда треба да гостува во Задар.

Исто така, актуелниот првак во АБА лигата, Црвена ѕвезда во моментов се наоѓа во Задар каде учествува на силен подготвителен турнир, но членовите на раководството на клубот кои во четвртокот требало да пристигнат во Задар, поради блокадата не отпатувале за Хрватска./крај/мф/нц

Извор: B92



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Хрватска шахистка почина за време на партија шах

Објавено пред

Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.

Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.

Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Марадона го критикува Меси: Не може да биде лидер некој што пред натпревар оди во тоалет и по 20 пати

Објавено пред

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Марадона уште еднаш гo критикуваше сонародникот Лионел Меси, велејќи дека ѕвездата на Барселона не е фудбалски бог.

„Меси е сосема поинаков играч кога го носи дресот Барселона, во споредба со аргентинската репрезентација. Вистинскиот Меси игра само за Барселона. Меси е одличен фудбалер, но тој не е вистински лидер“, рече Марадона во интервју за „Фокс спорт“.

Марадона истакна дека се бескорисни обидите да се направи лидер од некој што пред почеток на натпревар оди во веце и по 20 пати. Меси во текот на кариерата неколкупати има повратено за време на натпревар, а некои од аргентинските медиуми пишуваат дека тоа знае да му се случи и пред натпревар. Пред неколку години, неговиот татко изјави дека причината за тоа е стрес и желудочни проблеми.

„Некој кој толку многу пати оди во веце пред натпревар, не може да биде лидер“, истакна Марадона.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Познати белгиски клубови под истрага за финансиска измама, рација имало и во Македонија

Објавено пред

Неколку познати белгиски фудбалски клубови се предмет на полициска истрага за наводни измами вклучувајќи и трансфер на играчи, информира Би-би-си.

Се испитуваат скаути, судии и функционери од најпознатите клубови како „Андерлехт“, „Клуб Бриж“ и „Стандард Лиеж“, објавија белгиските медиуми.

Менаџерот на „Клуб Бриж“, Иван Леко, е испрашуван заедно со истакнатиот белгиско-ирански агент, Моги Бајат.

Повеќе од 200 полицајци учествувале во рациите во неколку земји.

Полицијата исто така изврши рација во имоти во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и во Македонија, се вели во соопштението на обвинителството, а пренесе Би-би-си.

Според информациите, голем број луѓе сега се соочуваат со сослушување.

Сослушувањето на Леко, чиј тим „Клуб Бриж“ се бори да го задржи своето место во Лигата на шампионите кога загуби со 3-1 од „Атлетико Мадрид“ минатата недела, беше потврдено и од клубот.

Според извештаите, Бајат бил уапсен во неговиот дом во средата. Агентот, наводно, е една од главните цели на истрагата за финансиска измама и перење пари.

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања6 часа

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија7 часа

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија8 часа

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ9 часа

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија10 часа

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија11 час

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија11 час

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Македонија13 часа

„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го...

Македонија13 часа

Владата: Законот за јазиците не воведува целосна двојазичност

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања. Македонскиот јазик со кирилското писмо...

Свет14 часа

В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината,...

Свет16 часа

Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната...

Свет17 часа

Најмалку еден убиен и еден повреден во пукање во Хјустон

Една жена била застрелана на паркингот на една црква во Хјустон, Тексас во четвртокот, а уште едно лице било рането,...

Македонија1 ден

Оливер Андонов учествуваше во сообраќајка, има повредени

Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен”, Оливер Андонов, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и коалициските партнери бараат предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по состанокот со лидерите на политичките партии коишто се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, ја...

Македонија1 ден

По скратена постапка донесен Законот за спречување на корупцијата

Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на...

Регион1 ден

Путин: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат....

Регион1 ден

Грчката влада печати копии од преспанскиот договор за граѓаните

Грчката влада ќе достави до граѓаните десетина илјади копии од преспанскиот договор со цел тие да се информираат во пресрет...

Македонија1 ден

Алатката за потрошените пари на министрите работеше само три месеци

Ја промовираа во март 2018 година, а работеше до мај 2018 година. Алатката за отчетност на трошоците на министрите и...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален...

Uncategorized1 ден

(Видео) Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, а не порака за голема Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска...

Досие