Контакт

Меѓународен

Ван Гал: Наследив ’скршен’ тим

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал, изјавил дека од претходникот Дејвид Мојс, наследил неизбалансиран и ’скршен’ тим. Ван Гал, исто така, ги негирал наводите дека му е полесно што на клупата на Јунајтед го наследил Дејвид Мојс, а не Алекс Фергусон.

„Не се согласувам дека ќе беше потешко доколку го наследев Фергусон. Во Барселона дојдов на местото на Боби Робсон и тоа откако тој освои три шампионски титули и немав никакви проблеми. Кога постигнувате успеси имаше и добар тим, а ние сега имаме ’скршен’ тим. Кога ќе го погледнете тимот тука ќе забележите дека има квалитет. Тука се Руни, Ван Перси, Ернандез, Велбек, но и Хуан Мата, Фелаини и Ерера. Голем број од играчитре можат да играат на иста позиција, не постои баланс во тимот“, рекол Ван Гал.

 

Холандскиот стратег нагласил дека во наредните две-три недели планира во тимот да донесе уште најмалку двајца нови играчи. Интересни за Манчестер Јунајтед се дефанзивците Томас Вермален и Матс Хумелс, како и играчите од редот за врска Кевин Стротман и Анхел ди Марија.

 

„Не купувам играчи само за да се каже дека сме купиле нешто, јас куповам за да ја зголемам конкуренцијата. Не знам дали ќе играме во формација 5-3-2 или 4-3-3, но во екипата ми се потребни спицијалисти на крилните позиции и напаѓачи. Ќе бараме такви играчи на пазарот“, дополнил Ван Гал. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Најголемите пропусти на Адрија турнејата каде се рашири коронавирусот

Објавено пред

Хрватската тениска асоцијација (ХТС), како организатор на хрватскиот дел од Адрија турнејата, што се одржа минатиот викенд во Задар, направи серија грешки во организирањето на турнирот на кој настапија некои од најголемите светски тениски sвезди, пишува „Јутарњи лист“.

Поради неодговорно однесување, потсетува весникот, најмалку пет спортисти се заразени со коронавирусот – бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот тренер, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и тренерот на Новак Ѓоковиќ, за кого сé уште се очекуваат резултатите од тестот.

Меѓу најголемите неуспеси на организаторите, пишува дневникот, е тоа што играчите и нивните екипи не биле тестирани за коронавирус, а бугарскиот тенисер Григор Димитров очигледно дошол во Хрватска со коронавирус.

Покрај тоа, на турнирот на стадионот влегувал кој сака, иако ХТС добил јасни упатства од Заводот за јавно здравје за тоа како да се организира турнирот на отворено. Според протоколот, на влезот требало да се евидентираат секој натпреварувач и неговата придружба, како и секој посетител.

„Јутарњи лист“ пишува дека немало средства за дезинфекција на влезот на стадионот, трибините на некои делови биле преполни иако ХЗЈЗ имал пропишано за вакви натпревари да може да се одржат со гледачи, капацитетите мора да бидат намалени на една третина.

Биле организирани и придружни настани со деца.

„Иако организаторите побараа упатства за тоа како да се одржи турнирот, не само што не ги следеа, туку никој од учесниците не одржуваше физичка дистанца и не ги дезинфицираше рацете, а имаше и настани за кои епидемиолозите не знаеја. Најлошо од сè е што беше организиран и Кидс деј како дел од турнирот на кој голема група деца се дружеле со Ќориќ и Ѓоковиќ“, пишува „Јутарњи лист“.

Дневникот, исто така, заклучува дека вработените во турнирот не се придржувале кон мерките. Ниту еден од персоналот не носел маска, официјалните возачи исто така не се придржувале кон мерките за заштита, а на влезот на стадионот никој не ги контролирал билетите и не ја мерел температурата на учесниците и посетителите.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

Објавено пред

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Објавено пред

Македонските натпреварувачи во Twingo Cup денеска го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска на отворањето на новата сезона. Нашите возачи се покажаа во фантастично светло и имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.

Денеска на „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25) .

Втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради проблем во последниот круг со контакт на бомбината не ја заврши трката.

Нашите возачи за прв пат ја возат оваа патека и се натпреваруваа со возачи од Италија и Словенија кои четири години возат и тренираат на истата патека.

Учество земаа:
•АКК Рено Спорт
•Кастум Кар
•АКК Свифт Рејсинг

Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува утре (23 февруари). На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ23 минути

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет36 минути

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура39 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија42 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион16 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава18 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт19 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија23 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Досие