Спорт
Мекгрегор (повторно) објави крај на кариерата
Ирскиот ММА-борец, Конор Мекгрегор, ја заврши кариерата во мешаните борачки вештини. 30-годишникот одлуката ја соопштил на „Твитер“.
„Здраво момци, денес решив да се повлечам од спортот познат како мешани борачки вештини. На сите мои постари колеги им посакувам успех во натпреварувањето“, напишал Мекгрегор.
Hey guys quick announcement, I’ve decided to retire from the sport formally known as “Mixed Martial Art” today.
I wish all my old colleagues well going forward in competition.
I now join my former partners on this venture, already in retirement.
Proper Pina Coladas on me fellas!— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 26, 2019
Ирецот од ММА се повлече и во 2016 година, но набргу им се врати на борбите.
Последниот меч Мекгрегор го имаше лани во октомври кога во Лас Вегас беше поразен од Хабиб Нурмагомедов. Мечот го обележаа настаните што се случија по завршувањето на борбата кога Нурмагомедов го нападна спаринг-партнерот на Ирецот, Дилон Дејвис, а Мекгрегор иницира тепачка со членовите на тимот на рускиот борец.
Како резултат на инцидентите двајцата добија казни. Мекгрегор доби шестмесечна суспензија и глоба од 50.000 долари, а Нурмагмедов е суспендиран на девет месеци и глоба од 500.000 долари.
Времето ќе покажа дали Мекгрегор навистина се повлече или само сака да привлече внимание и да избори подобри финансиски услови за наредната борба.
Мекгрегор во ММА има скор од 21 победа и четири порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.
Спорт
Ендика немал срцев удар, може повторно да игра
Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот.
Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови.
– Тешко е да се справиме со моменталната белодробна инсуфициенција. За среќа, се се заврши добро. Нема проблем со срцето – од тоа првично се плашевме – изјави Де Роси.
Ендика бил пуштен од болница и можел да се врати на терен. Самиот натпревар помеѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 70. минута при резултат 1:1.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.