Спорт
Менди ќе отсуствува два месеца

Реал Мадрид два месеци ќе биде без Ферлан Менди (27). Претходно клубот објави дека левиот бек ќе отсуствува четири недели поради повреда на мускулот.
Менди пред пет дена беше принудно заменет во 39. минута од четвртфиналето на шпанскиот куп против Атлетико Мадрид (3:1) поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
Тоа значи дека Карло Анчелоти нема да може да се потпре на него за голем број важни натпревари, како што се најмалку два против Барселона (еден во Купот на кралот и еден во Лигата), потоа осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул, и тие од Светското клупско првенство.
Менди во досегашниот дел од сезоната пропушти 14 натпревари за Реал Мадрид поради различни повреди на мускулите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси се мизерни во Премиер лигата, Астон Вила победи на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалерите на Челзи уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во 29. коло, на „Стемфорд Бриџ“, Челси доживеа пораз од Астон Вила со 0:2 (0:1).
Со оваа победа, 12. сезонава, гостите од Бирмингем ги скокнаа „сините“ на табелата. Вила на деветтото место има 41 бод, три повеќе од 11. пласираниот Челси.
Во 17. минута Џон Мекгин ја најави победата на Астон Вила кога ја погоди гредата.
Минута подоцна, голема грешка на Кукуреља, лошо ја врати топката кај голманот Кепа Арисабалага, Оли Воткинс ја пресече и рутински го лобуваше голманот на Челзи за 0:1.
Челзи потоа нападна, имаше неколку добри шанси, Бен Чилвел ја погоди стативата во 35. минута, а во неколку наврати се истакна голманот на гостите Емилијано Мартинез.
Натпреварот беше решен во 56. минута. По еден корнер, топката дојде до Џон Мекгин на 22 метри од голот, репрезентативците на Шкотска, кој со страотен удар го погоди долниот лев агол за конечни 0:2.
Спорт
Требаше да биде дерби – Баерн ја декласира Борусија

Баерн Минхен надмоќно го доби дербито против Борусија Дортмунд (4:2) и се врати на лидерската позиција во Бундес лигата. На овој натпревар, на клупата на Баерн дебитираше новиот тренер Томас Тухел.
Сите дилеми околу победникот во дербито беа решени во периодот помеѓу 13. и 23.минута. Голманот Кобле со аматерска грешка ги турна своите колеги во црна дупка.
Упамекано од својата половина се обиде со долга топка да го проугра Сане. Кобел на линијата од 16 метри лошо реагираше ја промаши и таа заврши во неговиот гол.
Потоа на сцена стапи ветеранот Томас Милер, во 17. и 23.минута беше на вистинското место и однепосредна близина само ја спроведуваше топкта во голот.
Кингсли Коман во 51.минута го постигна четвртиот гол за Баерн.
Во финишот Борусија избори чесен пораз со головите на Џан во 72. минута од пенал и Даниел мален во 90.минута.
На табелата Баерн сега има 55 бода, два повеќе од Борусија и четири од Унион Берлин.
Спорт
Биндер го доби спринтот во Аргентина

Бред Биндер, возачот на КТМ, победи на спринт трката во пресрет на Големата награда на Аргентина.
Јужноафриканецот до победата дојде пред возачите на тимот на Валентино Роси, ВР46, Марко Бецеки и Лука Марини. Победата на Биндер претставува огромен успех бидејќи спринтот го започна од 15. позиција.
Биндер во целта имаше подобар резултат од Бецеки за само 72 илјадити делови од секундата.
Франко Морбидели со својата Јамаха, водеше еден круг, на крајот го освои четвртото место, пред Алекс Маркез кој ја имаше пол-позицијата и актуелниот светски првак и победникот на спринтот и првата трка во Портимао, Пеко Бањаја.
Бодови во спринтот освоија уште Маверик Вињалес (Априлија), Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Фабио Квартараро (Јамаха).
Утре од 19 часот ќе се вози трката за Големата награда на Аргентина.