Спорт
Меси: Има луѓе во Барселона кои не сакаат Нејмар да се врати

Лионел Меси признава дека во Барселона има луѓе кои не сакаат Нејмар да се врати на „Ноу Камп“, додавајќи дека ова е една од причините поради кои кам-бекот на Бразилецот е многу тежок.
Нејмар си замина од Каталонија на контроверзен начин во 2017, откако Пари Сен-Жермен ја плати неговата откупна клаузула од 222 милиони евра (светски рекорд), но сега, само две години подоцна цело лето помина во големи шпекулации дека тој ќе се врати во стариот клуб. Меси признава дека тоа тешко ќе се реализира.
„Тешко е да се врати Нејмар. Прво, беше тешко да се види како тој замина, второ, поради начинот на кој замина. Има луѓе во клубот и членови на клубот кои не сакаат да се врати. Ако зборуваме чисто за фудбалот, Неј е еден од најдобрите на светот. Но, постојат и други фактори“, вели Меси.
Иако неодамна изјави дека нема да игра за друг клуб освен Барселона, тој уште го нема потпишано понудениот доживотен договор со Блауграна.
„Се зборува за тоа подолго време, да добијам договор каков што имаше Иниеста. Јас не сакам договорот да ме обврзува, бидејќи не знам како ќе се чувствувам. Ќе се натпреварувам додека се чувствувам физички добро“, објаснува Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евролигашка драма! Милано во последна секунда до победа над Баерн!

Иако изгледаше дека Баерн Минхен ќе стигне до убедлива победа на гости кај Олимпија Милано, во драматична завршница, Зек Ледеј постигна кош во последните секунди за домаќините да стигнат до 79:78 победа во првиот меч од четврт-финалето на Евролигата.
Баерн имаа предност од фантастични 19 поени пред полувремето (44:25), но Милано се врати преку Серхио Родригез и се доближи во последната четвртина. Сепак, гостите ја имаа победата во раце, откако Џејмс Гист ги погоди двете слободни фрлања на една секунда пред крајот, пред Ледеј да ги шокира Баварците.
Ледеј заврши со 17 поени, Родригез имаше 13, а Кевин Пантер 11. Д.Џ. Сили беше најдобар за Баерн со 23 поени, вклучувајќи три тројки, додека Вејд Болдвин и Џаџуан Џонсон имаа по 10 поени.
AT THE BUZZERpic.twitter.com/1gk6upo5Zw
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) April 20, 2021
Спорт
Во сенка на бунтот, Челси одигра само 0:0 со Брајтон

Во сенка на бунтот на навивачите против Суперлигата и неофицијалната потврда дека се откажуваат од ова членство, Челси на Томас Тухел одиграа само 0:0 против Брајтон за да си ги закомпликуваат работите за топ 4 пласман во Премиер лигата.
Пред да започне мечот, лутите навивачи на Челси го сопреа автобусот со кој фудбалерите требаше да пристигнат на „Стемфорд бриџ“ и легендата Петр Чех се обидуваше да ги убеди да ги пуштат. Во тие моменти стигна неофицијалната потврда дека тимот нема да игра во Суперлигата, и мечот започна со 15 минути задоцнување (21.15 наместо 21.00).
Со освоениот поен, Челси се врати на четвртото место на табелата, но со многу компликувана ситуација околу нив. Лестер се трети со 56 поени, Челси имаат 55, колку што имаат и Вест хем на петтото место, а потоа следуваат Ливерпул со 53 и Тотенхем со 50. Сите освен Лестер имаат по шест меча до крајот на сезоната.
За Брајтон пак, поенот може да е клучен за опстанок, бидејќи сега се на 16. со 34 поени, седум над Фулам, кои се први во зоната за испаѓање.
Спорт
Фиорентина ја прекина лошата низа со победа во Верона

Фиорентина ја прекина низата од четири меча без победа со 2:1 триумф кај Хелас Верона, за малку да „избегаат“ од зоната за испаѓање.
Тимот од Фиренца нема најдобра сезона, со многу проблеми и лоши серии, и со победата се искачува на 13. место со 33 поени, осум поени над зоната за испаѓање.
Душан Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија со гол од пенал во 45. минута, негов 16-ти гол оваа сезона, пред Мартин Касерес во 66. минута да зголеми на 0:2. Верона, за која ова беше трет пораз во низа, успеа да намали во 72. минута преку замената Еди Салкедо. Верона се на 9. место на табелата со 41 поени.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?