Контакт

Спорт

Меси со гол го разубави големиот јубилеј

Објавено пред

Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси вечерва го игра натпреварот број 1.000 во кариерата и успеа да го разубави со гол. Во осминафиналето на Мундијалот против Австралија, Меси донесе водство од 1:0 за Аргентина по првото полувреме.

dobivaj vesti na viber

Тој успеа да ја затресе мрежата на Австралијците во 35.минута, кога откосо од десната страна шутираше во спротивниот агол од голот на противникот.

Спорт

Голманот на Малатијаспор, Туркаслан загинал во земјотресот во Турција

Објавено пред

Голманот на Јени Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан го загубил животот во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата во понеделникот, потврдија од неговиот клуб, објаснувајќи дека тој бил во една од зградите кои целосно се срушиле.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот голман, Ахмет Ејуп Туркаслан, го загуби животот во земјотресот. Почивај во мир, нема да те заборавиме, прекрасен човеку“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.

Туркаслан во својата кариера играше и за Османлиспор и Умранијеспор, а зад себе ја остава собруката Кубра Туркласан, која успеала да се извлече од срушената зграда.

Фудбалот во Турција е откажан на неопределено време.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибрахимовиќ се враќа в петок против Торино?

Објавено пред

По 260 дена во „аут“, Златан Ибрахимовиќ се надева дека ќе се врати во тимот на Милан веќе в петок за мечот против Торино, тврди „Калчомеркато“.

dobivaj vesti na viber

41-годишниот шведски ветеран во финишот на минатата сезона играше со сериозна повреда за да помогне „росонерите“ да ја освојат првата титула по повеќе од една деценија. Веднаш потоа, тој беше на операција на коленото, по што потпиша минималн продолжување на договорот со клубот. Тој денеска се вратил на тренинзите со своите соиграчи и сега работи на својата физичка подготвеност и се надева дека ќе може да биде барем замена за тимот на Стефано Пиоли за дуелот со Торино.

Милан се наоѓаат во резултатска криза, со само една победа во последните осум мечеви во Серија А, Копа Италија и Суперкупот.

Прикажи повеќе...

Спорт

На Леброн му пречи славата: Не можам да одам на кафе како обичен човек

Објавено пред

Леброн Џејмс, НБА мега-ѕвездата кому му недостасува уште 36 поени да го сруши вечниот рекорд на Карим-Абдул Џабар смета дека славата која ја има не е секогаш позитивна работа, посакувајќи да може да „влезе во ‘Старбакс’ како обичен човек’“.

dobivaj vesti na viber

38-годишниот Џејмс, кој според многумина има место меѓу најдобрите во историјата на спортот, вели дека не се жали на привилегиите кои ги има како милионер, но додава дека на моменти има „големи предизвици“ кога сака да прави нормални работи.

„Не сакам да кажам дека доаѓа премногу, но има моменти кога сакам да правам нормални работи. Би сакал да се прошетам нормално. Да влезам во кино, да почекам во редот за пуканки. Или во забавен парк, или во ‘Старбакс’ да ми го напишат името на моето кафе. Не седам и се жалам, секако, не. Но, понекогаш тоа е предизвик“, вели Леброн за „Њујорк тајмс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

(Видео) Ново видео од Турција: Случајно снимен момент кога се уриваат згради како шпил карти

Камера прикачена на пилотската кабина на автомобил го снимила моментот кога се урнале неколку згради во Турција, пишува „Скај њуз“....

Свет32 минути

(Видео) Најпотресните снимки од Турција и Сирија: Се извлекуваат деца низ урнатините, луѓе очајни со лопати бараат преживеани

Ужас по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На социјалните мрежи не престануваат да се шират емотивни снимки и фотографии...

Македонија2 часа

Кога ќе ни почине пациент, тогаш надлежните ќе ја видат итноста на потребата од брз лек, велат болните од цистична фиброза

Претседателот на Асоцијацијата за лица болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели дека здравствената состојба на болните е...

Македонија5 часа

Историското вештачење за „Ласкарци“ води до активисти на ДУИ

Валдет Џафери, директорот на Бирото за судско вештачење, во кое се работеше супер вештачењето за „Ласкарци“, и вештакот Зеќирија Зеќири,...

Македонија6 часа

Пендиков добива сместување, лично обезбедување и државјанство, засега останува во Бугарија

Христијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство, соопшти денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков. Рече дека Министерството за надворешни...

Македонија6 часа

Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје

Денеска, околу 12.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје била...

Македонија6 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Куманово: полицајци извлекоа жива глава кога „туран“ удри во нив со голема брзина

Двајца полицајци во службено возило, на кое не му работи левиот фар, се директна цел на автомобил кој со голема...

Македонија7 часа

Османи за македонските ученици во Турција: Траумата ќе ги следи, но сите се добро, ноќеска ми испратија фотографија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ноќеска добил фотографија од групата од осуммина ученици и нивниот ментор од Тетово, Гостивар...

Македонија8 часа

Милков: Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, изјави дека Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија...

Македонија8 часа

„Ајде ако не, слави да прави“, судијката реагира што Зеќири си викнал дома доктор без судска дозвола, прати и психијатар за да му се утврди состојбата

Адвокатите на Мухамед Зеќири донесоа психијатар, кој е и вештак, за да образложи дека обвинетиот не е во добра психичка...

Македонија9 часа

Полицијата пак не успеа да го донесе Зеќири на судење; Судијката: Била повикана брзата помош, не знам дали е пристигната

Ексгенералниот секретар Мухамед Зеќири одново не беше спроведен на судењето, каде што се гони за злоупотреба на службената положба и...

Европа9 часа

Два нови силни земјотреса во Турција

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе...

Македонија9 часа

Евакуирани македонските ученици затекнати во загрозеното подрачје во Турција

МНР информира дека деветтемина државјани на Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку...

Економија9 часа

Мицкоски: За 5 години, Владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2.916 милијарди евра

„Во периодот од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2022 година, за пет години, Владата на СДСМ го зголеми...

Македонија10 часа

Таравари на чекор да земе пет директорски, како и две министерски места – до утре ќе падне одлуката за влез во Влада

Пет директорски места се извесни дека ќе припаднат на кадри од Алијанса за Албанците. Дека има согласност од страна на...

Култура11 часа

Почина врвниот хармоникаш и композитор, Милан Завков

Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан...

Европа11 часа

(Видео) Катаклизмички сцени во Турција, патиштата целосно уништени

Јужниот дел на Турција вчера беше погоден од страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а само...

Европа22 часа

По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени

Според последните податоци, во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија загинаа 2.619 лица, а повредени се најмалку 11.119...

Македонија1 ден

Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Објавата преку која основачот на бугарската фондација „Македнија“, Виктор Стојанов, нуди 200 евра во замена за идентитетот на полицаецот од...

Македонија1 ден

Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен...