Контакт

Спорт

Мхтаријан се сели во Интер

Објавено пред

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхтаријан по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер, дознава „Газета дело Спорт“.

dobivaj vesti na viber

Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. Неговиот договор со Рома истекува на 30 јуни.

„Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.

Пред Рома, Мхтаријан играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, на европската сцена се афирмираше во Шахтјор.

Мхтаријан е единствениот играч кој стигна до два евротрофеи со два различни клуба под водство на Жозе Мурињо. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, додека синоќа со Рома го освои трофејот во Конференциската лига.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чачо се врати во Реал

Објавено пред

Серхио Чачо Родригез, по шест години се врати во Реал Мадрид. Шпанскиот ас кој има 36 години потпиша едногодишен договор со кралскиот клуб. Родригез повторно ќе игра со Серхио Љуљо и Руди Фернандез. Овие тројца на Реал му ја донесоа титулата во Евролигата во 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Родригез го напушти Реал во 2016 година, замина во Филаделфија, а по една година се врати во Европа, односно во ЦСКА од Москва каде играше до 2019. Последните три сезони ги помина во Олимпија Милано.

Се очекува Реал наскоро да ја засили надворешната линија, а како главни имиња се споменуваат Босанецот Џанан Муса и Хрватот Марио Хезоња.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ивановски по голема борба ја мина првата пречка на јуниорскиот Вимблдон

Објавено пред

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го мина првото коло на јуниорскиот Вимблдон. Ивановски со пресврт славеше над Британецот Лука Пау со 3/6, 6/4, 6/2. Мечот траеше еден час и 51 минута.

dobivaj vesti na viber

Клуче за победата на Ивановски беше финишот на вториот сет, во моментите кога противникот имаше предност 2:4. Ивановски потоа нанижа четири гема, го доби сетот, израмни на 1:1, а во решавачкиот сет ја заврши работата и се пласираше во втората рунда.

Таму ќе игра против Алесио Базиле од Белгија или Родриго Мендез Пачеко од Мексико.

Лани на јуниорскиот Вимблдон Ивановски дојде до третото коло.

Фото/alamy.com

Прикажи повеќе...

Спорт

Ленгле се сели во Тотенхем

Објавено пред

Клемент Ленгле, дефанзивецот на Барселона е на чекор до трансфер во Тотенхем.

dobivaj vesti na viber

Францускиот фудбалер доби дозвола од клубот да оди на преговори, а моментално најреална варијанта е позајмица со опција за откуп на договорот по завршувањето на сезоната.

Целосните детали за договорот се очекува да бидат објавени во вторник, а пред тоа Ленгле ќе ги помине медицинските прегледи во Лондон.

Откако Чави пристигна во Барселона, Ленгле повеќе не е стандарден стопер. Од ноември минатата година одигра само седум натпревари како стартер во Ла Лига.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека со францускиот предлог имаме...

Македонија41 минута

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Коавечвски. „Сакам да бидам кристално...

Македонија2 часа

Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот македонски претседател – Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог за кој смета дека е дел од подли...

Македонија3 часа

Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- значително намален бројот на жртви на сообраќајниците

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата...

Македонија4 часа

Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и...

Македонија5 часа

ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

„ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го...

Свет6 часа

Екс шеф на Пентагон: Путин е лик од роман на Достоевски кој оди на спиење лут

Џим Матис – поранешниот американски секретар за одбрана со остра критика за рускиот претседател Владимир Путин. Тој руската инвазија на...

Топ7 часа

Во Скопје во првата половина на 2022 година приведени се 210 криминалци

Во првите шест месеци од 2022 година од страна на oрганизационите единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим...

Свет7 часа

Убил тројца, а ранил петмина полицајци пред својот дом во Кентаки

Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во американката сојузна држава Кентаки кога врз нив отворил оган маж кого се...

Свет9 часа

САД и испраќа нов пакет оружје на Украина во вредност од 820 милиони долари

САД вчера и официјално најавија дека на Украина ќе и испратат нов пакет оружје во вредност од 820 милиони долари....

Македонија21 час

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ, за продолжување на нашите европски интеграции

„Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската...

Регион23 часа

Асен Василев го доби мандатот за да формира нова Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски рече: „Предлогот што е на...

Македонија1 ден

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, соопштија владините...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Модифицираниот предлог е добра основа за разговори

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со партнерите од владината коалиција, рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори. „Во...

Економија1 ден

(Интервју) Дарко Димовски: Да кажеме стоп на партиските вработувања, има анархија во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на Комисијата за финансирање и...

Регион1 ден

Криптокралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: украла повеќе од 4 милијарди долари

Бугарката Руја Игнатова, позната и како криптокралица, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја...

Свет1 ден

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: најмалку 17 загинати и 30 повредени

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при...

Европа1 ден

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го почнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда...

Македонија1 ден

Ковачевски најави лидерска средба по што на веб-страницата ќе биде објавен францускиот предлог

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб-страница по средбата со владината коалиција,...