Контакт

Спорт

Мидлтон и Јанис ги згаснаа „сонцата“ – Милвоки израмни против Финикс

Објавено пред

Милвоки бакс забележа победа 109:103 во дуелот со Финикс санс и го израмни резултатот во финалната серија во НБА-лигата на 2:2.

Бакси до победата ги предводеа Крис Мидлтон и Јанис Адетокумбо. Мидлтон постигна 40 поени, од кои десет по ред постигна во завршницата на натпреварот, додека Јанис имаше импресивна блокада врз Диандре Ејтон при резултат 101:99, на 90 секунди до крајот на мечот.

Јанис натпреварот го заврши со 26 поени и 14 скокови.

Во редовите на Финикс најефикасен беше Девин Букер со 42 поени.

Финалната серија сега се враќа во Финикс, в недела од 3 часот ќе се одигра петтиот натпревар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Петковиќ ја напушта Швајцарија, станува тренер на Бордо

Објавено пред

По седум години на клупата на швајцарската репрезентација, Владимир Петковиќ се реши за нов предизвик, преземајќи го францускиот клуб Бордо, потврдија од Швајцарската фудбалска федерација.

Швајцарскиот тренер, кој е родум од Сараево, но поголемиот дел од фудбалската кариера како играч и тренер ја има во Швајцарија, потпишал договор на три години. Тој претходно беше тренер и на Лацио, Сион, Самсунспор, Јанг бојс, Лугано и Белинцона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јунајтед го потврди пристигнувањето на Варан

Објавено пред

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид потврдија дека Рафаел Варан се сели на „Олд Трафорд“ за Оле Гунар Солскјер да го добие второто големо засилување ова лето по пристигнувањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

28-годишниот централен бек, кој е постојан француски репрезентативец, пристигнува за 34 милиони фунти.

„Манчестер јунајтед е презадоволн што може да објави дека се договорил со Реал Мадрид за трансфер на францускиот дефанзивец и освојувач на Светско првенство, Рафаел Варан, условено со поминувањето на медицинскиот тест“, се вели во објавата на Јунајтед.

Според порталот „Гол“, Јунајтед ќе плати 34 милиони фунти плус 7 милиони фунти во бонуси, а Реал Мадрид ќе му исплати солидарен износ од 1 милион фунти на поранешниот клуб на дефанзивецот, Ленс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тореира морал на психолог по лошата форма во Арсенал

Објавено пред

Лукас Тореира признава дека лошото време, кое го поминал во втората сезона во Арсенал во 2019/2020, го натерало да побара помош од психолог.

Уругваецот беше стандарден првотимец за „топчиите“ откако се приклучи од Сампдорија во 2018 година, но откога Унаи Емери беше заменет од Микел Артета, веќе ја немаше довербата на менаџерот, а потоа во март 2020 доживеа сериозна повреда на глуждот.

„Пред една година почнав да работам со психолог во Шпанија бидејќи втората сезона во Арсенал не играв многу. Беше навистина тешко да се прифати тоа бидејќи мојот живот зависи од фудбалот и кога не играм, многу ми е лошо, расположението ми е никакво и се случуваат глупости. Затоа решив да побарам помош. Пред неколку години би кажале дека сум луд ако одам на психолог, но тоа сега е нормално за сите спортисти“, вели Тореира.

25-годишниот Тореира минатата сезона беше позајмен во Атлетико Мадрид, но ниту таму не се наигра. Потоа во март ја загуби својата мајка поради коронавирусот.

„Не можев да се вратам во Шпанија бидејќи таму бев сам. За среќа, еден од моите браќа дојде со мене. На мојот татко му беше најтешко бидејќи постојано беше со својата мајка и беше тешко да го оставиме. Сепак, животот продолжува“, изјави Тореира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија7 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија7 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија8 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија8 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија11 час

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа11 час

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија12 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа12 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт13 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија14 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет1 ден

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа1 ден

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа1 ден

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа1 ден

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион1 ден

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Досие