Спорт
Милан го претставија Марко Лазетиќ

Милан официјално го презентираа новото засилување, српскиот напаѓач Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена звезда во договор кој „тежи“ околу 4 милиони евра плус бонуси.
Лазетиќ, кој наполни 18 години минатата недела, потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2026 година и ќе го носи бројот 22 во Милано. Звезда ќе добие 4 милиони евра, 1 милион евра во бонуси според перформансите, и процент од секоја наредна продажба на напаѓачот.
Дел од академијата на Звезда, Милан беа заинтересирани за Лазетиќ од септември, кога постигна два гола во Младинската ЛШ против Сент Патрикс Атлетик. Лазетиќ е замена за Пјетро Пелегри, кој Милан го продадоа на Торино.
Official Statement: Marko Lazetić ➡ https://t.co/3w3WokAaRL
Comunicato Ufficiale: Marko Lazetić ➡ https://t.co/9Y5kh5DufZ#SempreMilan pic.twitter.com/XYwqyvIO1z
— AC Milan (@acmilan) January 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи одбил 90 милиони евра од Арсенал за Осимен

Наполи одбил да го продаде напаѓачот Виктор Осимен на Арсенал, откриваат италијанските медиуми. Раководството на „наполитанците“ ја одбило понудата на англискиот клуб во висина од 90 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис процени дека 23-годишниот Нигериец вреди 110 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да привлече двајца напаѓачи во својот тим откако Пјер-Емерик Обамејанг си замина во јануари, а најверојатно по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти и Александре Лаказет. Иднината на Еди Нкетија е исто така неизвесна.
Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.
Спорт
Барса понуди 32 милиони евра за Левандовски, а Баерн бара три милиони повеќе

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е многу блиску до трансфер во Барселона. Како што откриваат германските медиуми, двата клуба не се многу далеку во преговорите околу отштетата.
Барселона е подготвена да плати 32 милиони евра и да го откупи Левандовски кој влегува ви последната година од актелниот договор со Баерн Минхен, а баварскиот клуб бара 35 милиони евра.
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека Левандовски ќе остане и следната сезона на „Алијанц арена“, но сега тоа е малку веројатно.