Контакт

Спорт

Милан не го дава врвот во Серија А, падна и Беневенто на Пипо Инзаги

Објавено пред

Во меч со 2 гола, 3 стативи, 2 пенали и црвен картон Милан продолжи во ист ритам како и минатата година, со победа. Најнова жртва на „Росонерите“ е Беневенто чиј предводник е поранешниот ас на „црвено-црните“, Пипо Инзаги.

Милан славеше со 2-0, а резултатот можеше да биде поинаков ако се реализираа бројните шанси на двете страни.

Кеси од пенал во 15 минута донесе предност за гостите. Сепак проблеми за екипата предводена од Стефано Пиоли направи Тонали. По еден непромислен старт во 33 минута заработи директен црвен картон, така одлучи ВАР.

Во второто полувреме Беневенто тргна поофанзивно иако и во првиот дел имаа неколку добри шанси, меѓу кои и статива. Но ладен туш за домашните фудбалери. Се играше 49 минута, голманот на Беневенто имаше лоша проценка, па Леао со одмерен лоб удар донесе предност од 2-0.

Доколку влезеше во мрежата барем еден од двата обида на Чалханоглу и Кеси (погодија статива) ќе беше помирен остатокот од мечот, но и вака Милан беше посреќната екипа.

Домаќините промашија пенал во 61 минута, Капрари беше непрецизен, биеше покрај голот.

По 15 кола Милан се уште е непоразен во Серија А, прв на табелата со бод повеќе од градскиот ривал Интер. Беневенто е на средината на табелата



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хрватска „спасуваше глава“ против Јапонија, Германија го понижи Уругвај

Објавено пред

Хрватската ракометна репрезентација, која треба да важи за еден од фаворитите за медал на Мундијалот во Египет, се намачи со аутсајдерот Јапонија, одигрувајќи 29:29 со гол од пенал во последните секунди од мечот.

Хрватска имаше водство од 1:0, по што неверојатно контролата ја презеде Јапонија, наоѓајќи „дупка“ во одбраната на „коцкестите“ за да поведе со неверојатни +6 по 24 минути игра, за на полувремето тимот на исландскиот тренер Дагур Сигурдсон да имаат 17:14.

Хрватите ги намалија грешките во второто полувреме, а проработе и Домагој Дувњак, за да успеат да израмнат на 23:23 на 13 минути пред крајот на натпреварот. Иако се очекуваше тука да го зададат клучниот удар, Јапонците не го даваа водството, за на крајот Иван Чупиќ со гол од пенал на пет секунди пред крајот на мечот да извлечат 29:29. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар за тимот на Лино Червар, а по четири имаа Дувњак и Лука Циндриќ, додека за Јапонија, Токуда и Агарие имаа по шест гола.

Разликата во класа на еден ракометен мундијал најдобро го отсликуваше мечот помеѓу европскиот гигант Германија и Уругвај. Германците во првото полувреме дозволија да примат само четири гола од јужноамериканската репрезентација, водејќи со 16:4, а иако во второто дозволија повеќе голови, на крајот резултатот беше астрономски 43:14.

Во групата Б ха Хрватска, Катар со 30:25 ја совлада Ангола, додека Бразил со сензационален пресврт во второто полувреме дојде до 29:29 реми со фаворизираната Шпанија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЕГИПЕТ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Германија – Уругвај 43:14 (16:4)

Унгарија – Зеленортска Република 20.30 ч.

ГРУПА Б

Шпанија – Бразил 29:29 (16:13)

Полска – Тунис 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Катар – Ангола 30:25 (14:13)

Хрватска – Јапонија 29:29 (14:17)

ГРУПА Д

Аргентина – ДР Конго 28:22 (13:14)

Данска – Бахреин 20.30 ч.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бекам и на 45 години знае по некоја финта

Објавено пред

Газдата на американскиот МЛС-тим, Интер Мајами, и англиска фудбалска легенда, Дејвид Бекам, покажа дека уште има по некој трик во своите нозе тренирајќи со академијата на клубот во четвртокот.

45-годишниот Бекам, кој се повлече од спортот во 2013 по настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Пари-Сен Жермен и Лос Анџелес галакси, си облече копачките и им делеше лекции на младите фудбалери, понекогаш дури и буквално.

Во видеото од тренинг-сесијата Бекам дава гол протнувајќи ја топката меѓу нозе на младиот противник по што покажува кон камерата и се смее. Ова инаку беше првпат тој да присуствува на тренинзи на својот клуб по почетокот на сезоната 2020 поради пандемијата на Ковид-19.

„Беше прекрасно да се биде со играчите од академијата, се потсетив на деновите од Манчестер јунајтед. Развојот на млади таленти е многу важен за нашата иднина“, напиша Бекам на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Прикажи повеќе...

Спорт

Одиме! Вајт на преговори со Хабиб, ќе успее ли да го врати во октагонот?

Објавено пред

Шпекулациите за враќањето на УФЦ-шампионот Хабиб Нурмагомедов во кафезот се зголемија кога шефот на УФЦ, Дејна Вајт, објави кратко видео од двајцата како влегуваат во соба за состаноци.

Вајт, повторно во улога на голем шоу-мајстор, со наслов: „Одиме!“, првин го носи Нурмагомедов кон канцеларијата по што ја затвора вратата собирајќи илјадници лајкови за неколку часа. Претходно, Вајт изјави дека очекува состанокот да трае пет минути, во кои ќе добие јасен одговор – да или не.

Хабиб се повлече од спортот по победата над Џастин Гетџи минатата година велејќи дека така ѝ ветил на својата мајка по смртта на својот татко и ментор, Абдулманап Нурмагомедов. Подоцна, тој изјави дека си купил овци и дека ќе се посвети на добивањето факултетска диплома по економија, иако призна дека ќе го убедуваат да се врати со огромна сума пари. Секако, главна желба на фановите е римеч со Конор Мекгрегор кого го победи во четири рунди во 2018 година. Мекгрегор се враќа во кафезот против Дастин Поаире следниот викенд.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

„Сигнал“ има технички проблеми откако за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека брзо ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет2 часа

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет2 часа

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија3 часа

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија6 часа

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија6 часа

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет7 часа

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија7 часа

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија8 часа

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа10 часа

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија10 часа

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија10 часа

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет11 час

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет11 час

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет12 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија12 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија24 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа1 ден

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија1 ден

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен1 ден

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Досие