Контакт

Спорт

Милинковиќ-Савиќ пред трансфер во Јуве, но не за 150 милиони евра

Објавено пред

„Скај спорт Италија“ и порталот „Гол“ се согласуваат дека Јувентус се многу блиску до потписот на српскиот фудбалер од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Според „Скај“, Јуве уште миното лето биле заинтересирани за популарнито СМС, но сега „старата дама“ е посветена да се склучи договор и веќе начелно се договорени со него, а сега следува тешката пречка – преговорите со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Лотито претходно најавуваше дека неговиот талент вреди „најмалку 150 милиони евра“, но сега сумата е пониска, и се верува дека Јуве ќе може да ја завршат зделката за 90 милиони евра.

24-годишниот Милинковиќ-Савиќ имаше неубедлив настап на Светското првенство во Русија минатото лето, и спор старт на сезоната 2018/19, пред да помогне Лацио да ја освои титулата од Копа Италија и наградата за најдобар играч од средниот ред во Серија А.

Спорт

Еурофарм Работник уште се засилува – Мартин Велковски е нов „фармацевт“

Објавено пред

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Работник продолжува со засилувањето за следната ракометна сезона.
Второпласираниот тим во домашното првенство денеска потпиша четиригодишен договор со репрезентативецот, десниот бек Мартин Велковски.

Велковски доаѓа во Битола од скопски Металург, и тој заедно со Митревски, Маџовски и Ратајац ќе биде четвртото сезонско засилување за „фармацевтите“.

Велковски има искуство во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, а конкуренција за стратниот состав на Еурофарм ќе му бидат Стјепановиќ и Михајло Петровски.

Од Еурофарм Работник информираат дека планираат уште неколку засилувања.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кире Лазаров трет стрелец во квалификациите за Евро 2020

Објавено пред

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е трет стрелец во квалификациите за Евро 2020.

Тој е најдобар стрелец на 6-те квалификациски натпревари против Грција, Турција и Исланд со вкупно 43 погодоци.

Лазаров зад себе веќе има признанија прв стрелец во квалификациите, но и на завршниот турнир на европско и светско првенство.

Најголем број голови во штотуку завршените квалификации постигна средниот бек на Швајцарија, Енди Шмид, со 54 погодоци, а втор на листата беше италијанскиот репрезентативец, Деан Турковиќ, со 44 гола.

Од нашите репрезентативци бекот Филип Талески ги заврши квалификациите со 29 погодоци, а крилото Гоце Георгиевски циклусот го заврши со 23 гола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Без промени – Ѓоковиќ, Надал, па Федерер, кај дамите Осака, Барти, па Плишкова

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа првото место на најновата АТП листа. Зад него, на втората позиција е Шпанецот Рафаел Надал, а трет останува Швајцарецот, Роџер Федерер.

Нема никакви поместувања во пласманот на првите 20 тенисери на АТП листата, па првата десетка во светкиот тенис кај мажите ја сочинуваат Тим, Зверев, Циципас, Нишикори, Андерсон, Качанов и Фоњини.

Кај дамите исто така нема поместувања на врвот на ВТА листата.

Прва е Јапонката Наоми Осака, а со само 252 бодови зад неа е Ешли Барти од Австралија. Третата позиција е за Каролина Плишкова од Чешка.

Првата десетка кај дамите ја сочинуваат Бертенс, Квитова, Кербер, Свитолина, Халеп, Стивенс и Сабаленка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија2 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија2 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски3 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион4 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести18 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија18 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт18 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести21 час

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт23 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет24 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Досие