Спорт
Миротиќ ја предводи најдобрата петорка во Евролигата
Евролигата, во пресрет на завршниот турнир во Белград, ја избра најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната. Во неа нема место за минатогодишниот МВП и добитник на наградата за најдобар стрелец оваа сезона, Василије Мициќ.
Во идеалната петорка се Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимпијакос), Никола Миротиќ (Барселона) и Валтер Еди Таварез (Реал).
Мајк Џејмс (Монако)
Од неговото доаѓање во „малото кнежевство“, Џејмс е прогласен за една од најголемите ѕвезди во Евролигата. Тој ја оправда таа улога – на 32 меча имаше просек од 16,2 поени, 3,2 скока и 5,8 асистенции.
Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)
Мораше да има место за еден играч од Ефес. Ларкин оваа сезона во просек имаше 14,6 поени, 3 скока и 5,3 асистенции.
Никола Миротиќ (Барселона)
Миротиќ го оправда статусот на еден од најдобрите играчи во Европа и со 16,6 поени и 5 скока просечно заработи место во идеалната петорка на Евролигата.
Саша Везенков (Олимпијакос)
Во прилично изедначениот тим на Олимпијакос, Везенков беше играч што се истакна малку повеќе од другите. Заслужи да биде во идеалната петорка. Везенков сезонава имаше просек од 13,7 поени со 5,8 скока, 1,5 асистенција и една украдена топка.
Валтер Таварес (Реал Мадрид)
Џинот од Зелено’ртските Острови беше непремостлива пречка во рекетот и еден од главните фактори за пласманот на Реал на завршниот турнир. Тавареш имаше просек од 10,9 поени, 7,6 скока и 1,7 блокади од натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.