Спорт
Мистер Дакар – Стефан Петерхансел има 14 титули од славната трка

Стефан Петерхансел е поим за релито „Дакар“ откако францускиот возач ја обезбеди својата 14. титула од славното рели на издржливост во Саудиска Арабија победувајќи ги старите ривали Насер ал-Атијах и Карлос Саинс за титулата.
Иако оствари само една етапна победа, искуството на 55-годишниот Петерхансел беше клучно откако тој беше во водство од втората етапа до крајот за на крајот да победи со 14:51 пред Ал-Атијах во Тојота. Само еднаш тој не беше во топ-3 и во ниту една минута не загуби повеќе од 5 минути пред конкуренцијата.
Овој триумф доаѓа неверојатни 30 години по првиот успех на Французинот на „Дакар“, каде што победи со Јамаха во класата на мотоцикли. Петерхансел дебитира на „Дакар“ во 1988 година и ги освои титулите за мотоцикли во 1991, 1992, 1993, 1995, 1997 и во 1998 пред во 1999 година да се пресели на автомобили. Со Мицубиши победи во 2004, 2005 и во 2007, со Мини во 2013 за во 2014 во последната етапа да му биде наредено да го пушти Нани Рома да го престигне во последната етапа. Затоа, тој во 2015 замина во Пежо, кој се врати на „Дакар“ првпат од 1990 за со нив да ги обезбеди 12. и 13. титула во 2016 и 2017.
Кај мотоциклистите првата титула во кариерата ја освои Аргентинецот Кевин Бенавидес изддржувајќи го притисокот на Сем Сандерленд. 32-годишниот Бенавидес е првиот Аргентинец со титула кај мотоциклистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хетафе ја прегази Валенсија – Спектакуларен гол на Арамбари
Хетафе го доби дуелот со Валенсија (3:0) и стави крај на серијата од пет порази. Двата тима по 25 кола имаат по 27 бода и се наоѓаат во долниот дел на табелата, блиску до опасната зона.
Натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го обележа спектакуларниот гол на Арамбари. Играчот на Хетафе со удар од 30 метри го совлада Силесен.
Првите десет минути од вториот дел беа вистински кошмар за Валенсија. Дијакаби доби директен црвен картон во 51.минута, а три минути подоца Мата го постигна вториот гол.
Конечниот резултат го постигна играчот на Барселона, кој е позајмен во Гетафе, Карлес Алења во 87.минута.
Спорт
Само бод за Јувентус во Верона

Јувентус и во вториот натпревар оваа сезона не успа да ја победи Верона. Вечерашниот дуел на „Бентегоди“, заврши со резултат 1:1. Јувентус ова дополнително го оддалечи од борбата за титулата. „Старата дама“, има седум поени помалку од лидерот Интер.
Верона и Јувентус, на „Бентегоди“, одиграа квалитетен натпревар, а головите беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел Верона се закани преку Фараони, чии удар заврши во дирекот, а најдобрата шанса за Јувентус ја имаше Рамзи.
На стартот од вториот дел, во 49.минута, Киеза му асистираше на Роналдо, кој го постигна својот 19 гол оваа сезона. Израмнувањето дојде во 77.минута, кога Верона го искористи периодот во кој играше добро. На центаршутот од Лазовиќ одлично реагираше Барак кој го постави конечниот резултат.
Спорт
Педри во аут најмалку три недели

Барселона скапо ја плати победата над Севилја (2:0), во дербито на колото, во Ла Лига. Роналд Куман одреден период остана без младиот Педри.
Играчот од редот за врска, кој сезонава ги одигра сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, се повреди во 71.минута и веднаш го напушти теренот.
„Педри се здоби со повреда на мускулот во долниот дел на левата нога“, се огласи Барселона со кусо соопштение.
Локалната телевизија „ТВ3“, извести дека Педри по мечот се движел со помош на патерици.
Се шпекулира дека Куман нема да може да смета на Педри најмалку три недели.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер