Контакт

Спорт

Митровиќ пред трансфер во Бетис

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Бетис од Серилја испратил понуда до Фулам за трансфер на српскиот напаѓач Александар Митрович, објавија шпанските медиуми.

Според „Марка“, спортскиот директор на Бетис, Лопез Каталан се наоѓал во Лондон каде ќе преговара околу трансферот на Митровиќ.Бетис имале намера на Митровиќ да му понудат пет годишен договор.

Фулам за Митровиќ бара 25 милиони евра, сума што Бетис сака да ја плати.

Митровиќ (24) оваа сезона постигна 11 гола на 39 натпревари за Фулам. Договор со тимот од Лондон има до 2023 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Федерер во својот 1.500 АТП меч стигна до победа за 53 минути

Објавено пред

Роџер Федерер го прослави својот 1.500-ти АТП меч со доминантна 6:2/6:1 победа над Германецот Петер Гојовчик во првото коло на Свис индорс турнирот во неговиот роден град Базел.

20-кратниот гренд слем шампион речиси не се испоти против Гојовчик, упатувајќи 12 аса и освојувајќи 82 отсто од поените на прв сервис, не давајќи му шанса на германскиот квалификант да здивне во мечот од само 53 минути.

Гојовчик, кој е на 112. место на АТП листата загуби пет брејка, додека направи еден. Ова беше 21. последователна победа на Швајцарецот во Базел, каде што има неверојатни девет титули.

Германецот Јан-Ленард Штруф исто така имаше краток меч, откако за 61 минута го совлада Србинот Миомир Кецмановиќ (6:4/6:2) со 21 ас. Вториот носител Александер Зверев и третиот носител Стефанос Циципас, главните конкуренти за титулата на Федерер играат во вторник.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тренерот на Бриж брутален: ПСЖ се „повисока класа“ од Реал

Објавено пред

Тренерот на белгискиот Клуб Бриж, Филип Клемен вели дека мечот против Пари Сен-Жермен на домашен терен е многу посериозен предизвик отколку гостувањето кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Бриж успеаја да дојдат до 2:2 реми на „Сантијаго Бернабеу“ во меч во кој имаа 0:2 водство и Клемен вели дека ПСЖ е „чекор погоре“ од славниот шпански клуб.

„Поен против ПСЖ би било вистинско достигнување, можеби дури и чудо. Тие се тим кој го победија Реал Мадрид со 3:0 и тоа кажува многу. ПСЖ се чекор погоре од Реал“, вели Клемен на прес-конференцијата пред утрешниот меч.

ПСЖ водат во групата со 6 поени, Бриж има два поени (две ремија), додека Реал и Галатасарај имаат само по еден поен.

„Можевме да имаме четири ли дури шест поени  и ќе бевме во сосема поинаква ситуација. Но, сега е најважно да се игра против ПСЖ и рано е за калкулации. Ќе се обидеме да се квалификуваме“, додава Клемен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан: Јас сакам да сум во Реал засекогаш!

Објавено пред

Зинедин Зидан ги отфрли шпекулациите за неговата иднина на клупата на Реал Мадрид велејќи дека ако се прашува тој, ќе остане во својот сакан клуб засекогаш.

Реал се наоѓа во незавидна позиција да биде елиминиран во натпреварите по групи во Лигата на шампионите по поразот од ПСЖ и ремито со Клуб Бриж, така што утре ќе мора да го победи Галатасарај, а во текот на викендот загуби и од Мајорка по што повторно се појавија шпекулациите дека Жозе Мурињо му дише во вратот.

„Тоа што се случи, се случи. Фудбалот заборава што си успеал во минатото, но таков е животот. За мене е исто како и за сите. Тоа што го направивме со Реал е во минатото. Не можам да кажам дека тоа што го кажуваат луѓето не ме загрижува, но јас можам да го дадам максимумот и да размислувам позитивно. Јас би сакал да сум во Реал Мадрид засекогаш! Но, за мојата работа треба да прашате други луѓе“, вели Зидан.

Ова не е првпат да има шпекулации за неговата иднина и тој признава дека тоа влијае на него.

„Притисокот е секогаш тука. Знаеме каква е ситуацијата, но тоа не менува ништо. Ние сме Реал Мадрид и не смееме да размислуваме негативно ниту минута“, додава Зидан.

Мурињо повторно во Реал Мадрид?

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион3 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет4 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија6 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ7 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија8 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија10 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ11 час

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија12 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет12 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа13 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија13 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет14 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет14 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија1 ден

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ1 ден

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Досие