Спорт
Модриќ ја објави автобиографијата „Моја игра“ со предговор на Алекс Фергусон

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја објави својата автобиографија „Моја игра“ која го прикажува неговиот поглед на сопствениот живот, од детството, првите фудбалски чекори, па се до влезот во друштвото на најдобрите светски фудбалери.
Модриќ книгата ја напиша во соработка со долгогодишниот пријател Роберто Матеони.
Модриќ во фудбалската историја влезе во 2018 година кога ги освои сите четири најпрестижни светски фудбалски награди – Златна топка на СП, „The Best“ на ФИФА, наградата од УЕФА и „Ballon D`Or“.
Модриќ е познат како човек кој малку зборува, па тој за првпат открива бројни непознати детали за својот живот.
„За што размислувал во најбитните натпревари, за својот однос со клучните играчи и тренерите, за чувството кое постојано го следи на теренот, за љубовта, семејството, губитоците, дознаваме во приказната за човекот чија истрајност и сила на духот им стана пример на многумина. Темел на секој успех е едноставно – борете се, не се откажувајте и верувајте во себе“ стои во најавата за автобиографијата.
Предговорот за книгата го напишаа Сер Алекс Фергусон и Звонимир Бобан, а книгата ја препорачаа фудбалските ѕвезди Герет Бејл, Карим Бензема, Рафаел Варан и Марсело.
„Моја игра“ содржи повеќе од 60 досега необјавени фотографии од приватната архива на Лука Модриќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Домино-ефектот продолжува – Вудворд си даде оставка, Јунајтед се повлекува?

Ед Вудворд, извршниот директор на Манчестер јунајтед, си поднел оставка во првиот чин, кој изгледа го најавува и заминувањето на „ѓаволите“ од европската Суперлига продолжувајќи го домино-ефектот, кој наводно веќе донесе откажување на Манчестер сити и Челси од елитниот проект и многу сомнежи за учеството на Барселона и Атлетико Мадрид.
Вудворд, според извештаите, беше еден од идеолозите на Суперлигата заедно со првите луѓе на Реал Мадрид и на Јувентус, Флорентино Перез и Андреа Ањели.
За навивачите на Јунајтед, пак, Вудворд беше омразен лик, особено бидејќи зад себе немаше фудбалско педигре, туку по професија е банкар. Претходно, шпекулациите велеа дека капитенот Хери Мегваер и Лук Шо влегле во конфликт со него за влегувањето во Суперлигата, а Маркус Рашфорд денеска ја сподели фразата на сер Мат Базби: „Фудбалот е ништо без фановите“.
BREAKING: Ed Woodward has stepped as executive vice chairman of @ManUtd , @SkyNews understands.
It comes as @ChelseaFC and @ManCity are set to pull out of the European Super League. pic.twitter.com/TqGXhWxjjH
— Tyrone Francis (@TJFrancisLive) April 20, 2021
Спорт
Ефес го растури Реал во првиот меч од плејофот во Евролигата

Анадолу Ефес ја потврди фаворитската улога во првиот меч од четврт-финалето на Евролигата доминирајќи со 90:63 над ослабениот Реал Мадрид.
Сертач Санли имаше 16 поени и осум скока, Родриге Бобоа имаше 19 поени, а за Ефес немаѓе најдобра партија ниту Василије Мициќ ниту Шејн Ларкин, а стигна до убедлива победа. Клучот беше во третата четвртина кога по тесното прво полувреме (44:40) Ефес направи серија од 18-5 за да ја потврди победата. Реал губеше со 14 поени на почетокот на последната четвртина (64:50), а потоа Ефес повторно направи серија од 13:3.
Треј Томпкинс со само 13 поени беше најефикасен за „кралевите“, кои мораат да реагираат во вториот меч.
Спорт
Распад! Сити и Челси се повлекуваат од Суперлигата, Атлетико и Барса размислуваат!

Плановите за Европската Суперлига се пред „распад“ откако Челси, Манчестер сити, Барселона и Атлетико Мадрид наводно се повлекуваат од плановите за настапи на елитното натпреварување.
Според „Би-би-си“, газдата на Челси, Роман Абрамович донел одлука да се подготват документи за повлекување од лигата по притисокот на навивачите и на јавноста, додека според „Сан“, Манчестер сити веќе донела ваква одлука.
Во Шпанија пак, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, објави дека неговиот клуб нема да се приклучи на Суперлигата додека тоа не го одобрат навивачите.
„Ова е нивни клуб, тоа е нивна одлука“, изјавил Лапорта.
Manchester City have withdrawn from the European Super League.
Chelsea are also preparing documentation to request withdrawing from the European Super League.
More to follow ⤵#bbcfootball
— BBC Sport (@BBCSport) April 20, 2021
Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?