Контакт

Спорт

Монако му го вети Камара на Челзи, па се откажа поради Балогун – на крајот не продадоа никого

Објавено пред

Последните часови од преодниот рок понудија уште една трансфер сага што звучи толку неверојатно што би помислил дека некој намерно го смислил ова сценарио. Челзи, откако за рекордна сума го продаде Енцо Фернандез во Манчестер Сити, имаше договор со Монако за Ламин Камара, играчот од средниот ред ги помина медицинските прегледи и само требаше да го стави конечниот потпис на документацијата. Дури тогаш Монако одлучи дека сепак не сака да го продаде бидејќи мислеше дека напаѓачот, Фоларин Балогун ќе оди во Евертон.

Сепак, трансферот на Балогун не се реализираше, наводно не ги минал лекарските прегледи.

Бизарно е што Монако сакаше да продаде еден од двајцата играчи, поради тоа се откажа од веќе договорениот договор со Челзи, а потоа на крајот не го продадоа ниту еден. А најголемиот губитник од целата приказна е Челзи, кој остана без планираната замена за Енцо Фернандез.

Камара, требаше да дојде на местото на Аргентинецот. Преговорите со Монако напредуваа до самиот крај, а „сините“ испратија трета понуда вредна 55.000.000 евра. Францускиот клуб ја прифати и сè изгледаше како да е завршено.

Камара требаше да потпише шестгодишен договор со Челзи, а според информациите од Островот, репрезентативецот на Сенегал веќе ги поминал лекарските прегледи и се упатил кон Лондон. Дека зделката пропаднала, Камара дознал додека летал кон Лондон.

Проблемот настанал кога на луѓето од Монако им станало јасно дека Евертон ќе ја заврши работата со Балагун. Бизарно, и покрај тоа што клубот преговараше за двајцата,, имал намера да продаде само еден фудбалер.
Кога изгледаше дека Балогун ќе биде оној што ќе го напушти клубот за Евертон, Монако го промени својот став кон Челзи.

Откако Монако го откачи Челзи, се случи пресвртот со Балагун, не ги минал лекарските прегледи.

Новинарот на „Скај Спортс“, Кејв Солхекол, објави дека челниците на Челзи биле огорчени од нивото на „непрофесионализам“ што го покажале нивните колеги од Монако.

„Челзи е навистина незадоволен од начинот на кој се однесуваше Монако. Моите информации се дека сè беше направено, напишано, договорено, потпишано. Тој леташе за Лондон кога дозна дека неговиот трансфер пропаднал. Во Челзи, тие го сметаат таквиот начин на работење за исклучително необичен и непрофесионален. И тешко е да не се разбере нивниот гнев“, рече Солкехол.

Во целата приказна, можеби најневеројатното е што Монако се обиде да контролира кој од двајцата играчи ќе замине. На крајот, обидот да се направи избор резултираше со тоа што не се реализираше ниту еден договор.

Foto/ Depositphotos

Најново

Македонија5 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Uncategorized14 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника26 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија31 минута

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија43 минути

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија46 минути

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура1 час

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион1 час

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...

Спорт1 час

(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал...