Контакт

Спорт

Монструозни партии на Адетокумбо и Ембид, блескаше и Вучевиќ (Видео)

Објавено пред

Филаделфија, во дербито на Истокот, победи во Милвоки, 130:125. Спектакл приредија Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс и Камерунецот Џоел Ембид од Филалделфија. Блескава вечер имаше и Црногорецот од Орландо Меџик Никола Вучевиќ.

Играчите на Филалдлефија успеаја да победат на гостувањето кај најдобриот тим во лигата, Милвоки. Мечот го обележаа првите ѕвезди на двата тима, Адетокумбо и Ембид, кои заедно постигнаа 92 поени.

„Грик Фрик“ за Милвоки забележа 52 поени, 16 скока и 7 асистенции, додека Ембид имаше ефект од 40 поени, 15 скока и 6 асистенции.

Сиксерси ја минаа Индијана на табелата и сега се на третото место со скор од 45 победи и 25 порази, додека Милвоки ја држи  челната позиција не само на Истокот туку и во лигата со скор од 52 победи и 18 порази.

Орландо Меџик со сигурна игра славеше во дуелот со Атланта Хокс 101:91. Црногорецот Вучевиќ блескаше со монструозен „дабл-дабл“ од 27 поени и 21 скока. Кај Меџик се истакна и Арон Гордон со 22 поена.

Резултати:

Њујорк Никс-ЛА Лејкерс 124:123
Мајами Хит-Шарлот Хорнетс 93:75
Детроит Пистон-Торонто Репторс 110:107
Сакраменто Кингс-Ќикаго Булс 129:102
Хјустон Рокетс-Минесота Тимбервулвс 117:102
ЛА Клиперс-Бруклин Нетс 119:116



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Белгиската полиција влезе во Андерлехт и во националната федерација!

Објавено пред

Белгиската полиција направи рација во канцеларијата на фудбалскиот клуб Андерлехт и на националната фудбалска асоцијација во средата истражувајќи перење на пари во операција во која се вклучени агенти и трансфери на фудбалери.

Портпаролот на клубот од Брисел објави дека тие целосно соработуваат со истрагата, додека од Белгиската федерација објавија дека од нивното седиште биле одземени документи за трансфери на фудбалери.

Според локалната телевизија „ВРТ“ главната цел на истрагата се трансферите направени пред 2017 година, кога клубот од Брисел се продаде. Помеѓу трансферите кои се истражуваат е тој на српскиот напаѓач Александар Митровиќ во Њукасл во 2015 година.

Белгиските обвинители објавија дека овој случај не е поврзан со „Фудбалгејт“, истрагата за местење мечеви и измами кои минатата година го „тресеа“ белгискиот фудбал.

Андерлехт, кој последен пат беше шампион во 2017 година и е историски најуспешниот белгиски клуб, е во катастрофална форма по што навивачите минатиот месец се бунтуваа и предизвикаа откажување на дербито со Стандард Лиеж, по што го отпуштија тренерот Фред Рутен по само 13 меча. На клубот, кој двапати ја освојуваше титулата од Купот на куп победници на УЕФА и еднаш УЕФА купот, му се заканува првпат да не се квалификуваат за европските натпреварувања по 55 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајката на Дончиќ и однесе вредни подароци на мајката на Дражен (фото)

Објавено пред

Музејско-меморијалниот центар Дражен Петровиќ од денеска е пободат за два нови вредни експонати, пренесуваат хрватските медиуми.

Мирјам Потербин, мајката на НБА-ѕвездата од Словенија, Лука Дончиќ е во Загреб каде се сретна со Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот кошаркарски витруоз, Дражен Петровиќ. Мајката на словенечкиот ас и подари на Петровиќ два дреса, едниот на Лука, а другиот на неговиот клупски колега, Дирк Новицки.

„Наследниците на Дражен. Благодарност до Дирк Новицки и Лука Дончиќ, а посебно до неговата мајка Мирјам Потербин на нејзината аквизиција“ – стои на службената страница на музејот.

Мајката на Лука изјавила дека многу ја почитува мајката на Дражен посебно за се тоа што го прави за неговиот музеј.
Бисерка Петровиќ, пак, била воодушевена од гестот и рекла дека покрај дресот на Мајкл Џордан, ова претставува врв.

Прикажи повеќе...

Спорт

Видал ќе добие нов договор од Барселона

Објавено пред

Многумина се сомневаа во одлуката на Барселона кога минатото лето во тимот пристигна Артуро Видал. Искусниот Чилеанец сепак успеа да се наметна кај тренерот Ернесто Валверде, а неговите добри изданија во клубот се подготвени да ги наградат со нов договор.

Артуро Видал има договор со Барселона до 2021 година, а според каталонскиот весник „Спорт“, во клубот имале намера да го задржат уште една сезона.

„Секогаш дава се од себе на теренот и вложува повеќе труд од останатите, тоа е неговиот најголем квалитет“, рекол тренерот Валверде.

Чилеанецот сезонава настапил на 45 натпревари за Барселона, има учинок од два гола и пет асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија56 минути

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 20192 часа

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ2 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија5 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија5 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија5 часа

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија7 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет7 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија20 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет1 ден

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 ден

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 ден

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Досие