Спорт
Мориба се враќа во Шпанија

Илајш Мориба, талентираниот играч на Лајпциг, по само шест месеци ќе се врати во Шпанија. Мориба, до крајот на сезоната ќе игра во Валенсија.
Мороба, минатата сезона влезе во првиот тим на Барселона. Шансата која ја доби од Роналд Куман во целост ја искористи. Поради тоа, неговите менаџери бара повеќе пари за новиот договор.
Барселона одби да го направи тоа, го врати Мориба во Б-тимот и му се закани дека нема да игра доколку не ги прифати условите кои му ги нуди клубот.
На крајот Мориба за 16.000.000 евра за ина во Лајпциг. Шест месеци подоцна тој е подготвен да замина од Германија, сака да биде во клуб каде што ќе игра, бидејќе во Лајпциг настапи на само шест натпревари.
Шпанските медиуми пишуваат дека тој деновиве ќе пристигне на „Местаља“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.