Спорт
Мурињо ќе го лови првиот трофеј на Тотенхем по 13 години!

Тотенхем е првиот финалист на Англискиот лига куп (Карабао купот), откако со 2:0 го совлада второлигашот Брентфорд во полуфиналето, и сега го очекува подобриот од утрешното манчестерско дерби во финалето на „Вембли“, каде што ќе ја брка првата титула од 2008 година (кога исто така го освоија овој куп).
Муса Сисоко донесе водство за тимот на Жозе Мурињо уште во 12-тата минута од мечот, но срцата на навивачите на Тотенхем се смрзнаа кога Ајван Тони израмни на 1:1 во 63-тата минута. Сепак, голот беше поништен поради офсајд позиција и седум минути подоцна Сон Хеунг-Мин стави точка на натпреварот со нов гол.
Недостатокот на освоени трофеи на популарниот лондонски клуб долго време служи за потсмев од ривалските клубови од англиската престолнина – Тотенхем последната од двете англиски титули ги освои во 1961 година, а последната, осма титула од ФА купот дојде во 1991 година. Во Лига купот тие имаат четири титули (1971, 1972, 1999, 2008), а во Европа имаат два трофеи од УЕФА купот (1972, 1984) и еден од Купот на победници на купови (1963).
What a goal!! Tottenham lead
Moussa Sissoko with a fantastic header, what a cross by Reguilon
— Spurs On Tap (@SpursOnTap) January 5, 2021
Sonny inches us closer to the finals#COYS | #THFC | #Tottenham
— Spurs On Tap (@SpursOnTap) January 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетик ја шокираше Барса во луда завршница, Меси „поцрвене“ по крајно неспортскиот фаул

Атлетик Билбао е шампион од Суперкупот на Шпанија, откако во Севилја во неверојатна завршница, прво успеа да израмни на 2:2 во 90-тата минута од мечот, за потоа во 97-мата минута од продолжението со фантастичниот гол на Ињаки Вилијамс да го освои трофејот. Црна дамка на мечот донесе последната минута од продолженијата, кога Лео Меси направи неспортски фаул, нокаутирајќи го Вилјарлибре.
Атлетик, кој претходно во полуфиналето успеа да ги шокира и Реал Мадрид, двапати губеше, откако Антоан Гризман во 40-тата и 77-мата минута постигна голови, но успеа да се врати во игра откако Асиер Вилјалибре во 90-тата минута успеа да го совлада Марк-Андре Тер Штеген. Само што почна продолжението, Вилијамс со еден прекрасен гол донесе трофеј на баскискиот клуб.
За Атлетик, ова е прв освоен трофеј од Суперкупот во 2015 година, и е совршена утеха откако минатата сезона се пласираа во финалето на Копа дел Реј против својот баскиски ривал, Реал Сосиедад, но мечот беше откажан поради пандемијата на КОВИД-19.
Барселона, пак, пропушти да го освои својот прв трофеј под тренерот Роналд Куман, иако Лионел Меси реши да игра повреден, на крајот мечот ќе биде одбележан со овој неспортски гест.
🔴 ¡Messi EXPULSADO! 🔴 pic.twitter.com/j7A2vm5tMA
— Gonzalo Castro San José (@GonzaloCastroSJ) January 17, 2021
Jamás pensé ver a Messi haciendo esto JAJAJA pic.twitter.com/8hY0ao7BEN
— Zyrux (@Zyrux7) January 17, 2021
Pasaron 753 partidos para que Messi viera una roja en el Barcelona. No es casual que sea en esta era. pic.twitter.com/NGMSypHoGK
— Fútbol Vertical (@futbol_vertical) January 17, 2021
Спорт
Интер го доби дербито на Италија, се израмни со Милан!

Интер стигна до 2:0 победа над Јувентус во славното „Дерби Д’Италија“ за да се израмни со Милан на челото на табелата и да ги покаже шампионските амбиции, а со вториот пораз во пет меча, во Торино сигурно ќе се поставуваат многу прашања за тренерот Андреа Пирло.
Првиот гол на мечот го постигна поранешниот фудбалер на Јуве, Артуро Видал во 12-тата минута, откако пред стартот на мечот предизвика мала контроверза со (случајното) бакнување на грбот на противникот при прегратката со Џорџо Кјелини.
Тимот на Антонио Конте во 52. минута стигна до 2:0 водство преку Николо Барела по супер-брзиот контра напад на домаќините, а во подобрувањето на играта на Јуве не помогна ниту тројната замена која ја направи Пирло во 58. минута, внесувајќи ги Кулушевски, Меккени и Бернардески на местото на Рабио, Ремзи и Фработа.
Со големата победа, „нераѕурите“, кои последните денови се мета на интензивни шпекулации околу можната продажба на клубот, се искачија на второто место на табелата со 40 поени, колку што има и градскиот ривал Милан, кој утре гостува кај Каљари. Јуве, пак, со натпревар помалку се само петти со 33 поени.
Спорт
Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!

По ремито без голови меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, Манчестер сити не направи грешка и со 4:0 ги совлада Кристал палас за да избие на второто место на табелата во Премиер лигата со само два поени зад Јунајтед и со натпревар помалку, промовирајќи се во прв кандидат за титулата.
Џон Стоунс го отвори резултатот во 26. минута по неверојатната асистенција на Кевин де Брујне, по што во второто полувреме следуваа уште три гола во мрежата на гостите. Илкај Гундоган во 58. минута зголеми на 2:0, Стоунс во 68. минута со вториот гол зголеми на 3:0, пред Рахим Стерлинг во 88. минута со фантастичен гол од слободен удар да стави печат на убедливата победа.
Со триумфот, тимот на Пеп Гвардиола има 35 поени на второто место, исто како и третопласираниот Лестер, и само два зад градскиот ривал Јунајтед. Палас, со само една победа во последните шест меча, се на 13. место со 23 поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира