Контакт

Спорт

Мурињо: Клоп сака месо, а на „Олд Трафорд“ доби риба

Објавено пред

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по натпреварот со Манчестер jунајтед зборувал рекол дека противникот игра секогаш дефанзивно против неговиот тим, а поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ кој сега работи како стручен коментатор, Жозе Мурињо, имал интересен коментар на ова тврдење на тренерот на „црвените“.

„Манчестер јунајтед најчесто игра вака. Сите многу зборуваа пред овој натпревар, а во него еден тим излезе да се брани, а другиот да игра. Ништо не изгубивме, ова е само еден поен, одиме понатаму“, рекол Клоп по мечот што заврши 1:1.

Мурињо како стручен коментатор морал да му одговори на Клоп бидејќи изјавата на Германецот се однесува и на него. Мурињо до декември минатата година ги предводеше „црвените ѓаволи“.

Зборува така бидејќи никогаш не го победил Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“. Не му се допаѓа она што беше на менито, тој сака месо, а доби риба и поради тоа не е среќен. Секако дека тие се многу подобри кога играат против тим кој им дава можност за транзиција и контранапади. Секако дека Јунајтед е ограничен со изборот на фудбалери и поради тоа игра поинаку. Се обидоа да бидат цврсти во одбраната и да не им дозволат на Ливерпул брза транзиција. Секогаш имаат тројца стопери, плус Мектоминеј и Фред, и секогаш беа компактни. На Ливерпул не му се допадна менито“, рекол Мурињо.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Менаџерот на Јокиќ: Тој живееше на бурек и кока кола!

Објавено пред

Мишко Ражнатовиќ, менаџерот на една од најголемите НБА ѕвезди, Никола Јокиќ во интервју за хрватскиот „Индекс“ ја открива приказната на српскиот центар на Денвер нагетс и како го „пронашол“ неговиот талент.

Тој го забележал Јокиќ додека играл за Војводина од Нови Сад и бил импресиониран од неговата статистика, но целосно разочаран кога првпат го видел. Иако на 18 години, Јокиќ не бил дебел како што се гледа на дел од фотографиите од неговите тинејџерски години, сепак, било забележливо дека има вишок килограми, но тоа не го спречило Ражнатовиќ да го донесе во тимот на Мега.

„Секако, тогаш не помислував дека ќе има ваква кариера. Да бидам искрен, бев задоволен кога на НБА драфтот беше 41. пик, и сметав дека тоа е огромно постигнување. Сега, се гледа дека тоа не е многу важно. Имаше среќа да дојде во вистинска средина и да покаже што умее и како што гледате секоја сезона е подобар. Кога го видов првпат, не беше како на оние фотографии, но имаше вишок килограми и беше физички послаб од другите. Кондицискиот тренер работеше посебно со него бидејќи сметаше дека е неизбежна повреда ако тренира со другите. Јокиќ покажа дека физичкиот изглед не е најважен и им даде сон на сите деца од овој регион дека можат да го остварат својот сон“, вели Ражнатовиќ.

Под влијание на Ражнатовиќ, но и на својот постар брат Страхиња, Јокиќ ги менуваше навиките, посебно во исхраната, и Ражнатовиќ открива дека претходно тој јадел по еден бурек и пиел два литри кока-кола дневно.

Прикажи повеќе...

Спорт

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Објавено пред

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во главата на 21 август од куршум кој бил испукан на погреб на еден пожарникар кој го загубил животот во експлозијата на пристаништето во Бејрут.

Пукање во воздух на свадби и погреби е практика на Блискиот Исток (слично како кај нас), и Атви бил жртва на таков инцидент додека пешачел во јужен Бејрут. По инцидентот, пред болницата во која беше Атви имаше протести во обид да се забрани пукањето на воздух, а неговото семејство бараше детална истрага.

Атви, кој имаше три настапи за репрезентацијата на Либан, играше за клубот Аха Али Алеј, кои потврдија дека тој починал во петокот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сане: Малку ми е жал за Шалке, Флик: Требаше да дадеме повеќе голови

Објавено пред

Новото крило на Баерн Минхен, Лирој Сане признава дека му било „малку жал“ што стартот на сезоната бил одбележан со 8:0 победа над неговиот поранешен клуб Шалке.

Сане го постигна својот деби гол за Баварците по трансферот од Манчестер сити во неверојатниот меч на „Алијанц арената“. Тој ја започна својата професионална кариера токму со Шачлке, пред да замине во Англија во 2016.

„Беше навистина добро да се биде на теренот со момците. Одличен меч, а јас се чувствував целосно опуштен и знаев дека добро ќе се вклопам во тимот. Бевме гладни за голови и сакавме да одиме во напад. Секако, бев во Шалке долго време и малку ми е жал што ја почнуваат сезоната со ваков пораз“, вели Сане.

Шалке сега имаат 17 меча во Бундеслигата без победа, и тренерот Давид Вагнер вели дека тимот бил „наивен“ против европскиот и германски шампион.

„Не игравме добро, Баерн беа неверојатни. Ние мораме да се стресеме, да го прифатиме поразот и да реагираме. Беше наивно што одевме во напад по четвртиот гол“, вели Вагнер.

Тренерот на Баерн, Ханси Флик пак, вели дека ова е репер за Баерн за остатокот од сезоната, но посочи дека требаше да постигнат повеќе голови во првото полувреме.

„Игравме брилијантно, но можевме да имаме уште два-три или повеќе голови во првото полувреме. Сепак, најважно беше да покажеме дека одиме во вистински правец и јас сум многу задоволен“, изјави Флик.

Баерн се безмилосен тим – го „прегазија“ Шалке со 8:0!

Прикажи повеќе...

Најново

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија46 минути

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија54 минути

МОН: Обезбедуваме настава и за децата коишто немаат уреди за онлајн учење

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет1 час

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија2 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Топ3 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт3 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион16 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет17 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија18 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ19 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија21 час

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија22 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија23 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија23 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија23 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 ден

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Досие