Спорт
Мурињо контра Биелса: Тој сигурно не е фудбалски месија

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не е меѓу тренерите кои „воздивнуваат“ за менаџерот на Лидс, Марсело Биелса и не се воодушевува на неговиот стил на фудбал пред пресметката на двата клуба.
Пеп Гвардиола, но и претходникот на Мурињо на клупата на Тотенхем, Маурисио Почетино самите себеси се сметаат за „следбеници“ на фудбалскиот месија Биелса, човекот од кого научиле многу. Мурињо не се согласува.
„Јас сум наследник и следбеник само на мојот татко и воопшто не ми се допаѓа таа ситуација во фудбалот. Дури и со помладите тренери, луѓето кои работеле со мене порано. Ох, тие се следбеници на Жозе. Тоа се глупости, секој е посебен човек со сопствени идеи. Можеш да имаш влијание од некого, но тука е крајот. Да зборуваат за господинот Биелса можат тие кои го познаваат добро. Јас не го знам. Мислам дека беше тренер на Атлетик Билбао кога бев во Реал Мадрид, а сега првпат сме во Премиер лигата. Да тој е добар тренер, но јас не сум тука да го анализирам, бидејќи не го познавам. Само се ракувавме неколку пати“, вели Мурињо.
За многу фудбалски фанови дуелот на двете екипи претставува дуел на две различни фудбалски филозофии – на Биелса да се даде гол повеќе и на Мурињо да се прими гол помалку. Тотенхем имаат две ремија и два порази во последните четири меча, но Мурињо не се согласува дека тие даваат малку голови.
„Никој не зборуваше дека сме негативни кога дадовме шест гола против Манчестер јунајтед, пет против Саутемптон и три против Вест хем“, додава Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Граѓаните“ без Де Брујне четири до шест недели

Кевин Де Брујне поради повреда ќе отсуствува четири до шест недели. Лошата вест за Манчестер сити ја потврди менаџеот Пеп Гвардиола.
Белгиецот се повреди во средата, на натпреварот со Астон Вила. Поради повредата на мускулот тој теренот го напушти во 59.минута.
„Утрово Де Брујне повторно беше на лекарски прегледи, ќе биде надвор од тимот четири до шест недели. За ѓал ќе пропушти важен дел од сезоната. Ќе мора да најдеме решение за да се прилагодиме на оваа ситуација“, рекол Гвардиола.
Де Брујне ќе ги пропушти дуелите со ВБА, Шефилд јунајтед, Барнли и дерби натпреварите со Ливерпул, Тотенхем и Арсенал.
Спорт
Суперлига ќе има, но во организација на УЕФА

Европска Суперлига ќе има, но во организација на Европската фудбалска унија (УЕФА). ФИФА вчера им се закани на играчите и клубовите дека доколку формираат приватна лига, ќе им забрани да играат за националните тимови. За да застане на патот на овој план УЕФА подготвувале нов проект кој би започнал за две и пол години.
УЕФА подготвува целосна реформа на Лигата на шампионите. На крајот богатите и моќните клубови ќе дојдат на своето. Планот е 15 клубови да имаат загарантирано место во Лигата на шампионите, во која би се натпреварувале 20 екипи.
Италијанската „Република“, тврди дека УЕФА за десет дена ќе ги презентира реформите и дека богатите и моќните ќе бидат задоволни од понуденото решение. Секој од клубовите би добил по 350 милиони евра, лигата би се играла во две групи со по 10 тима. Првите четири од групите би избориле директен пласман во плеј-офот.
Загарантирано учество во новата Лига на шампионите би имале шест екипи од Англија (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем), три од Шпанија (Барселона, Реал, Атлетико), три од Италија (Интер, Милан, Јувентус), два од Германија (Баерн Минхен и Борусија Дортмунд) и ПСЖ од Франција.
Спорт
Зидан позитивен на коронавирусот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е заразен со вирусот Ковид-19, потврди „кралскиот клуб“.
„Реал Мадрид потврдува дека нашиот тренер Зинедин Зидан доби позитивен тест на коронавирусот“, се наведува во кусото соопштение.
Зидан, денес, требаше да одржи прес-конференција во пресрет на натпреварот со Алавес.
Тренерот се наоѓа во изолација и ќе ги пропушти наредните неколку натпревари на Реал.
Comunicado Oficial: Zidane#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 22, 2021
Шпанските медиуми објавија, дека Зидан во четвртокот го водел тренингот и дека разговарал со играчите за дебаклот и елиминацијата во Купот од Алкојан.
Во отсуство на Зидан, Реал на гостувањето во Алавес, треба да го предводи неговиот прв помошник Давид Бетони.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот