Спорт
Мурињо: Манчестер Јунајтед за мене е затворено поглавје
Жозе Мурињо, во среда, ќе се врати на „Олд Трафорд“ како тренер на противнички тим. Мурињо пред една година доби отказ од Манчестер Јунајтед. Португалецот во пресрет на натпреварот зборува за периодот што го минал во Јунајтед.
„Јунајтед е затворено поглавје за мене. Заминав од клубот и ми требаше многу време за да сфатам што се случи. Се подготвив за нов предизвик, Јунајтед е сега во мојата книга по историја. Ви се однесувате како вчера да заминав од Јунајтед, но не е така, мина речиси цела година. Сега сум во Тотенхем, па доколку сакате да разговараме за Јунајтед, тогаш да разговараме за нашиот противник“, рекол Мурињо.
Португалецот не сакал да ја коментира работата на Оле Гунар Солскјер, само рекол дека Јунајтед можат да остварат некоја од зацртаните цели иако за нив сезоната досега е лоша.
„Има работи што можат да ги направат оваа сезона. Можат да ја освојат Лига Европа. Можат да го освојат Лига купот, можат да го освојат ФА купот иако за противници ги имаат Вувлерхемптон. Можат да остварат некоја цел“.
Ерата на Мурињо во Тотенхем започна добро, со победи над Вест Хем, Олимпијакос и Борнмут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи
Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.
Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.
Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.
Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.
Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.
Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.
Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.
Спорт
Невозможно е да се добие пенал серија против Емилијано Матинез
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез можеби не е најдобар пример за новата генерација, но неговите голмански квалитети не можат да се оспорат.
Мартинез е „доктор за пенали“, а тоа уште еднаш го докажа во Лил, каде беше најзаслужен што неговата Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
Мартинез беше пречекан од непријателска публика во Франција по се што се случи на Мундијалот во Катар, кога Аргентина во финалето на пенали ја победи Франција.
Натпреварот Лил-Астон Вила заврши со резултат 2:1, идентична понеда англискиот тим забележа на домапен терен, па откако и по дополнителните 30 минути немаше промена во резултатот, победникот го решија пеналите.
Мартинез тука повторно блескаше, ги одбрани пеналите на Бенталеб и Андре и го однесе својот тим понатаму во борбата за европскиот трофеј.
Тоа беше негова петта последовна пенал серија од која излезе како победник.
Мартинез во пенал рулетот:
Комјунити Шилд 2020 против Ливерпул ✅
Полуфинале на Копа Америка 2021 против Колумбија ✅
Четвртфинале на СП 2022 против Холандија ✅
Финале на Светското првенство 2022 против Франција ✅
Четвртфинале на Конференциската лига 2024 против Лил ✅
Спорт
Араухо нема коментар за критиките од Гундоган
Тензично е во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ славеше во реваншот во Барселона со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во елитното натпреварување. и покрај тоа што победи со 3:2 во Париз, а потоа поведе со 1:0 на домашен терен.
Клучниот момент во реваншот се случи во 29. минута кога Роналд Араухо доби црвен картон. Како последен играч во одбраната, направи фал врз Баркола.
Илкај Гундоган, еден од најискусните играчи на Барселона, по натпреварот го критикуваше Араухо.
„Во клучните моменти од играта, мора да бидете сигурни кога стартувате на топката. Јас би оставил ситуација еден на еден, би му дал шанса на голманот да спаси, или да примиме гол“, рече тој. .
Араухо одби да му одговори на Гундоган, беше краток во својот коментар.
„Претпочитам да ги задржам за себе она што го мислам за тој коментар. Имам одредени вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“.
Освен што коментарот на Гундоган не му се допадна на Араухо, во негова одбрана застанаа и францускиот дефанзивец Жил Кунде и капитенот Серхи Роберто кои на социјалните мрежи порачаа дека „секогаш победуваат и губат како тим“.