Спорт
Мурињо остана без клучниот играч во одбраната

Жозе Мурињо неколку седмици ќе биде без клучниот играч во одбраната, Тоби Алдервирелд.
Белгиецот се повреди во саботата на дербито со Манчестер сити. Тотенхем славеше со 2:0 и се искачи на лидерската позиција во Премиер лигата. Менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, информира дека Алдервирелд си ги повредил ципите.
„Тоби е повреден, но, за среќа, повредата не е толку тешка како што стравуваме. Секако дека ова е лоша вест за нас бидејќи играше во извонредна форма. Среќа за нас е што го имаме како негова замена Дејвисон Санчез“, рекол Мурињо.
Според прогнозите, Алдервирелд ќе отсуствува од две до четири недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Утре ќе се оддржи „најтешкиот“ боксерски меч во историјата – „Планината“ Тор против Стивен Ворд

Човекот кој крена 501 килограм откако стана славен како „Планината“ во „Игра на тронови“, исландскиот „силен човек“ Хафтор Бјорнсон ќе го има своето боксерско деби во сабота, и тоа против искусниот професионалец Стивен Ворд, кој ќе тежи 60 килограми помалку од него.
Со фантастични 156 килограми, Исланѓанецот ќе влезе во рингот во „Конрад“ во Дубаи против поранешниот шампион во средно-тешка категорија, кој е 58 килограми полесен од него (98 кг). Ова треба да биде прва подготовка за Бјорнсон во боксерскиот ринг пред најавениот мега-меч со стариот ривал Еди Хол во септември следната година.
„Беше фантастично да се фокусираш на боксот. Да му дадам на телото пауза од тежината. Бев блиску до 200 килограми речиси цела деценија и тоа не е здраво за твоето тело на долги патеки, затоа решив да влезам во нов предизвик“, вели Бјорнсон.
Досега, најтежок боксер кој имал професионален меч е рускиот „ѕвер“ Николај Валуев, кој во 2009 година пред последниот меч тежеше 149 килограми.
View this post on Instagram
Спорт
Тренерот на ПСЖ, Почетино, позитивен на Ковид-19

Тренерот на Пари-Сен Жермен, Маврицио Почетино, има позитивен тест на Ковид-19, потврдија од францускиот шампион додавајќи дека веќе е во изолација и нема да биде на клупата за мечот со Анжер в сабота кога ќе го заменуваат неговите помошници Хесус Перез и Мигуел Дагостино.
Ковид-19 ги отстрани од теренот и фудбалерите Колин Дагба, Тило Керер и Рафиња, а Хуан Бернат има повреда на коленото.
„Мораме да бидеме подготвени в сабота, со или без мене. Сакаме да победуваме и да бидеме на врвот на Лига 1. Најважно е да ја заддржиме постојаноста, а бидејќи работиме 24 часа дневно, немаме многу време за одмор“, вели Почетино.
Спорт
Барса ја освои Москва, Фенербахче го уништи ПАО

Барселона и покрај тоа што во тимот ги немаше Никола Миротиќ и Брендон Дејвис, стигна до фантастична 88:75 победа над ЦСКА Москва во Русија во битката на првопласираниот и второпласираниот тим во Евролигата.
Кори Хигинс постигна 25 поени против поранешниот клуб, Алекс Абринес имаше 19 поени, а Ник Калатес додаде 13 поени, 7 асистенции и 6 скока за тимот на Шарунас Јасикевичиус, кој се врати од 12 поени негатива во втората четвртина за 40:42 на полувремето за ЦСКА потоа да се мачи со играта од поле 21-од-50 за два поени и 4-од-21 за три поени.
Мајк Џејмс заврши со 18 поени за ЦСКА, Никола Милутинов имаше 15 и 6 скока, а Торнике Шенгелија имаше 10 поени и 7 скока.
Фенербахче, пак, го продолжи патот кон плејофот со огромна 100:74 победа над Панатинаикос во дебито на новиот тренер на грчкиот тим, Израелецот Одед Каташ. Тимот на Игор Кокошков имаше фантастичен почеток и со серија од 18:0 ја доби првата четвртина со 31:12, предност што не ја загуби до крајот.
Марко Гудуриќ заврши со 18 поени, Јан Весели имаше 12, за петта победа во низа на Фенер и подобрување на скорот на 10-10. Од другата страна Немања Недовиќ беше ограничен на 6 поени, а Арон Вајт со само 13 беше најдобриот стрелец.
ЕВРОЛИГА, 20. КОЛО
ЦСКА Москва – Барселона 75:88 (25:20, 16:22, 15:22, 19:24)
Фенербахче – Панатинаикос 100:74 (31:12, 17:22, 26:21, 26:19)
Зенит Санкт Петерсбург – Жалгирис 77:65 (17:14, 19:22, 20:13, 21:16)
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира